Јужен Поларник: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 6:
 
==Опис==
Подрачјето јужно од јужниот поларен круг есе нарекува [[Антарктик]]от, а подрачјето веднаш на север е [[умерена клима|јужниот умерен појас]]. Еквивалентниот напоредник на северната полутопка се нарекува [[северен поларен круг|северниот поларен круг]] (арктички круг).
 
Секое место јужно од јужниот поларен круг има барем по еден ден во годината со [[полноќно сонце|24-часовна дневна светлина]] и уште еден со [[поларна ноќ|24-часовна ноќ]]. Во првиот случај сонцето цел ден не заоѓа, а во вториот цел ден воопшто не изгрева. На поларниот круг ова се случува точно по еднаш годишно, и тоа во декемврискиот и јунскиот [[сонцестој]]. Ова се должи на тоа што Земјината оска е наклонета за 23,5 [[степен (агол)|степени]] во однос на [[еклиптика]]та (рамнината по која Земјата се врти околу сонцето). За време на [[сонцестој|јужниот зимски сонцестој]], [[јужна полутопка|јужната полутопка]] е најмногу навалена наназад и со тоа најдалеку од Сонцето. Подрачјето на постојан мрак ја достигнува својата северна граница. При [[сонцестој|јужниот летен сонцестој]], јужната полутопка е во најголема мера навалена кон Сонцето, па така подрачјето на постојан мрак ја достигнува својата северна граница.