Јужен Поларник: Разлика помеѓу преработките

поларник на јужната полутопка
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{stack| [[Податотека:World map with antarctic circle.svg|thumb|350px|Јужниот поларен круг на карта на светот....
(нема разлика)

Преработка од 02:51, 9 февруари 2012

Јужниот поларен круг (или антарктички круг) е еден од петте главни напоредници на картата на светот. Ова е замислениот обрач што минува на географската ширина од 66° 33′ 44″ (или 66.5622°) јужно од екваторот.[1][2]

Јужниот поларен круг на карта на светот.
Карта на Антарктикот со јужниот поларен круг (сино).

Опис

Подрачјето јужно од јужниот поларен круг е Антарктикот, а подрачјето веднаш на север е јужниот умерен појас. Еквивалентниот напоредник на северната полутопка се нарекува северниот поларен круг (арктички круг).

Секое место јужно од јужниот поларен круг има барем по еден ден во годината со 24-часовна дневна светлина и уште еден со 24-часовна ноќ. Во првиот случај сонцето цел ден не заоѓа, а во вториот цел ден воопшто не изгрева. На поларниот круг ова се случува точно по еднаш годишно, и тоа во декемврискиот и јунскиот сонцестој. Ова се должи на тоа што Земјината оска е наклонета за 23,5 степени во однос на еклиптиката (рамнината по која Земјата се врти околу сонцето). За време на јужниот зимски сонцестој, јужната полутопка е најмногу навалена наназад и со тоа најдалеку од Сонцето. Подрачјето на постојан мрак ја достигнува својата северна граница. При јужниот летен сонцестој, јужната полутопка е во најголема мера навалена кон Сонцето, па така подрачјето на постојан мрак ја достигнува својата северна граница.

Јавувањето на поларниот ден и ноќ се должи и на неколку други фактори, од кои најважни е атмосферското прекршување на светлината, надморската височина на набљудувачот, привиденијата и фактот дека сонцето е топка, а не точка. Привиденијата на Антарктикот се уште поспектакуларни од оние на Акрктикот. Таков пример е низата од привидни залези и изгреви, додека сонцето сето време е всушност под хоризонтот.

Поларниот круг полека се поместува поради постепената промена на наклонетоста на Земјината оска.

Места

Предлошка:Kml Почнувајќи од нултиот меридијан, па на исток, јужниот поларен круг минува низ:

Координати Земја, територија, море Бекешки
66°34′S 0°0′E / 66.567° ЈГШ; 0.000° ИГД / -66.567; 0.000 (Нулти меридијан) Јужен Океан северно од Земјата на Кралицата Мод и островот Ендерби
66°34′S 50°32′E / 66.567° ЈГШ; 50.533° ИГД / -66.567; 50.533 (Антарктик) АнтарктикEnderby Land полага право   Австралија
66°34′S 57°19′E / 66.567° ЈГШ; 57.317° ИГД / -66.567; 57.317 (Јужен Океан) Јужен Океан северно од ледниот гребен Амери
66°34′S 82°6′E / 66.567° ЈГШ; 82.100° ИГД / -66.567; 82.100 (Антарктик) Антарктик полага право   Австралија
66°34′S 89°14′E / 66.567° ЈГШ; 89.233° ИГД / -66.567; 89.233 (Јужен Океан) Јужен Океан
66°34′S 91°29′E / 66.567° ЈГШ; 91.483° ИГД / -66.567; 91.483 (Антарктик) Антарктик полага право   Австралија
66°34′S 92°21′E / 66.567° ЈГШ; 92.350° ИГД / -66.567; 92.350 (Јужен Океан) Јужен Океан
66°34′S 93°52′E / 66.567° ЈГШ; 93.867° ИГД / -66.567; 93.867 (Антарктик) Антарктик полага право   Австралија
66°34′S 107°45′E / 66.567° ЈГШ; 107.750° ИГД / -66.567; 107.750 (Јужен Океан) Јужен Океан заливот Вансен
66°34′S 110°12′E / 66.567° ЈГШ; 110.200° ИГД / -66.567; 110.200 (Антарктик) АнтарктикВилкесова Земја полага право   Австралија
66°34′S 116°35′E / 66.567° ЈГШ; 116.583° ИГД / -66.567; 116.583 (Јужен Океан) Јужен Океан
66°34′S 121°31′E / 66.567° ЈГШ; 121.517° ИГД / -66.567; 121.517 (Антарктик) АнтарктикВилкесова Земја полага право   Австралија
66°34′S 127°9′E / 66.567° ЈГШ; 127.150° ИГД / -66.567; 127.150 (Јужен Океан) Јужен Океан
66°34′S 129°38′E / 66.567° ЈГШ; 129.633° ИГД / -66.567; 129.633 (Антарктик) АнтарктикВилкесова Земја полага право   Австралија
66°34′S 136°0′E / 66.567° ЈГШ; 136.000° ИГД / -66.567; 136.000 (Антарктик) АнтарктикАделина Земја полага право   Франција
66°34′S 138°56′E / 66.567° ЈГШ; 138.933° ИГД / -66.567; 138.933 (Јужен Океан) Јужен Океан
66°34′S 162°44′E / 66.567° ЈГШ; 162.733° ИГД / -66.567; 162.733 архипелаг Балени – островот Борадел полага право   Нов Зеланд
66°34′S 162°45′E / 66.567° ЈГШ; 162.750° ИГД / -66.567; 162.750 (Јужен Океан) Јужен Океан минува веднаш јужно од островот Аделаида (полагаат право   Аргентина,   Чиле и   Обединето Кралство)
66°34′S 65°44′W / 66.567° ЈГШ; 65.733° ЗГД / -66.567; -65.733 (Антарктик) АнтарктикАнтарктички Полуостров, Греамова Земја и ледниот гребен Ларсен полагаат право   Аргентина,   Чиле и   Обединето Кралство
66°34′S 60°21′W / 66.567° ЈГШ; 60.350° ЗГД / -66.567; -60.350 (Јужен Океан) Јужен Океан минува низ Веделовото Море, па во неименуван дел од океанот

Поврзано

Наводи

  1. податок за 2011 г.
  2. Повратник во движење (шпански)

Надворешни врски