Николај Чернишевски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 7:
Некое време (1851-1853 година) предава [[руски јазик]] и литература во Саратовската гимназија. Во 1853 година се запознава со својата идна сопруга и по мажење си истата година се преселува во Петербург. Во главниот град Чернишевски станува соработник на леволибералните (речиси радикални) списанија ''"Татковински белешки"'' и ''"Современник"''.
 
Врз формирањето на светогледот на Чернишевски силно влијаат класици на германската филозофија, англиската политичка економија и францускиот утописки социјализам. Особено силно е влијанието на [[Висарион Белински]] и [[ Александар Херцен‎]]. При завршувањето на универзитетот тој веќе е убеден филозоф-материалист, демократ со радикални убедувања и приврзаник на утопискиот социјализам. Чернишевски ја брани магистерската темана: ''"Естетските односи на уметноста во реалноста"'', со што ги поставувпоставува основите на материјалистичка естетика во [[Русија]].
 
Новинарската дејност на Чернишевски е насочена кон решавање на општествените проблеми во Русија преку искоренување на крепсоничките односи. Во печатот објавил историско-литературни и литературно-критички статии, го заштитува реализмот во литературата и ја утврдува тезата дека литературата треба да служи во интерес на народот.
 
По 1857 година целото негово внимание е насочено кон економските и политички проблеми во Русија. Заедно со Херцен станува еден од креаторите на [[Народњаштво|народњаштвото]]. Влијанието на Чернишевски во руското општество расте силно особено по укинувањето на крепсоничките односи на 19 февруари 1861 година. Во своето најпознато дело ''"Што да се прави"'' (1862-1863 година) Чернишевски го опишува животот на луѓето во новото општество на ''" разумни егоисти "'', кои живеат од својот труд и на нов начин го организираат одговараат семеен живот и животот во општеството.
 
Поради својата политичка и литературна дејност Чернишевски е уапсен и осуден во 1864 година на 7 години тешка работа и вечен прогон на [[Сибир]]. Откако ја ислужува својата присилна казна, во 1871 година тој е населен во Виљуската тврдина, каде живее до 1883 година, кога му е дозволено да се прсели во [[Астрахан]] под постојан полициски надзор. Во јуни 1889 година Чернишевски добива дозвола да живее во својот роден град Саратов, каде што умира на 29 октомври истата година.
 
==Дела==