Хуни: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с викификација
с ситна поправка
Ред 7:
 
== Рана историја ==
 
Кинеските извори ја следат историјата на Хуните на подрачјето на денешна Монголија уште од IV век п.н.е. Според нив овој номадски народ во североисточна [[Кина]] во IV век п.н.е формирал племенски сојуз кој обединувал 24 родови, кој во кинеските пишани извори бил наречен Империја Хуну. Во II век од н.е овој народ станал значаен фактор во историјата на средноазиските и источноевропските области. Под притисокот на нивните источни и јужни непријатели – тунгускиот народ Сиен-Ги од исток и династијата Хан во Кина од југ, еден дел од хунските маси население започнал да се раздвижува на запад кон Аралското и Каспиското море. Во почетокот на III век Хуните продреле во европска Сарматија и Подкавказието, каде до средината на IV век успеале да го потчинат поголемиот дел од сарматското племе Алани, а другиот дел го принудиле да се повлече кон запад, во централна Европа, помеѓу реките [[Тиса]] и [[Дунав]]. На тој начин околу 350-та година на териториите помеѓу реките [[Дон]] и [[Волга]] и планината [[Кавказ]] бил формиран големиот племески воен сојуз на Хуните. Западно од него се наоѓал племенскиот сојуз на Остроготите. Во 375 г. во жестока битка Хуните ги поразиле Остороготите и го ликвидирале нивниот племенски сојуз.
По победата над Остроготскиот сојуз, Хуните продолжиле да се движат кон запад и предизвикале раздвижување на цела низа племиња со што и започнала Големата преселба на народите .
Ред 12 ⟶ 13:
== Хунскиот племенски сојуз во Панонија ==
 
Покорувајќи ги Остроготите Хуните го продолжиле своето освојувачко движење кон запад. Во исто време тие превземале и напади кон југ, во Азија, на Кавказ, а продреле дури до Сирија, на Балканскиот полуостров(во Тракија) и стигнувајќи дури до Константинопол. Основале широк племенски сојуз со средиште во Панонија соединувајќи ги пред себе племињата: [[Остроготи]], [[Гепиди]], Скири, Хазари (кои во тоа време живееле на Понт), словенските племе Анти и др. Власта на тој сојуз се протегала на исток до Волга. Многу Хуни стапувале во војските на римските императори и служеле и во трупите на [[Аециј]] и [[Стилихон]]. Вујкото на најпознатиот хунски водач [[Атила]], Руа (Ругила) добил римска воена титула, со годишна плата од 350 фунти во злато.
 
== Атила и хунските пустошења по Балканот ==
Ред 23 ⟶ 24:
 
[[File:Young Folks' History of Rome illus406.png|300px|thumb|Хунски камп]]
 
 
За општественото уредување на Хунскиот сојуз можеме да судиме врз основа на вестите кои се сочувани од изгубеното дело на Приск, учесник во пратеништвото на римскиот император Теодосиј II кај Хуните во Панонија. Хуните не се занимавале со земјоделство. Тие и понатаму останале сточари-номади, кои аграрните плодови ги добивале од своите покорени племиња, кои исто така биле принудени да им плаќаат данок. Но Хуните веќе имале утврдени градови, од кои еден од нив опкружен со ѕидини бил престолнината на Атила. Исто така кај нив бил развиено робовското стопанство, и оделни претставници на хунската аристократија располагале со цели села на луѓе зависни од нив. Родовската и чиновничката аристократија имала голема власт во сојузот. Положбата на основната маса војници не била тешка; впрочем нивната положба била далеку подобра од положбата на римското население кое било оптоварено со тешки даноци и честите војни. Затоа поедини претставници на римското општество доколку биле заробени од страна на Хуните останувале и по нивното ослободување во нивна служба.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хуни