Александар I: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
 
'''Александар I''' билФилхелен крал на [[Античка Македонија|Македонија]] од [[498(498год п.н.е.]]-454 до [[454год п.н.е.]] Бил син на [[Аминта I]]. )
Александар I е седмиот македонски крал по ред од лозата Аргеади кој дошол на власт во 498 година п.н.е наседувајки го неговиот татко Аминта I. Александар I на власт дошол во едно сложено и тешко време кога се одвивал настанот на векот односно судирот помеѓу хеленските градови и моќната Персија во историјата познат како Грчко-Персиски војни. Александар I е еден од најзначајните македонски кралеви бидејки во негово време Македонија се зацврстува како држава користејки го грчко-персискиот судир и се издигнува како еден значаен фактор во регионот. Александар бил свесен за подемот и издигнувањето на неговата држава па затоа сакал Македонија да излезе на меѓународна сцена. Македонија во негово време се протегала на исток до реката Стримон на југ до планината Олимп. Целта на Александар била превземање на главната улога во меѓународните односи во Егејското море. Оваа цел односно промоција на кралството тој сметал дека е можна само преку учество на Олмписките игри каде учествува и го добива прекарот Филхелен(љубител на Хелените).
 
Според [[Херодот]] тој бил во непријателски односи со [[Персиска империја|Персија]] и ги имал убиено дипломатите на [[Дариј I]] кои дошле на дворот на неговиот татко за време на [[Јонска буна|Јонската буна]]. Но подоцна морал да се покори на Персија за време на инвазијата на [[Стара Грција|Грција]] од страна на Дариевиот син [[Ксеркс I]] и бил претставник на персискиот губернатор [[Мардониј]] за време на мировните преговори по поразот на Персија во [[Битка кај Саламина|битката кај Саламина]] во [[480 п.н.е.]] И покрај неговата соработка со Персија, Александар често им давал војна помош и совети на грчките градови-држави, и ги предупредил за плановите на Мардониј во [[Битка кај Платеа|битката кај Платеа]] во [[479 п.н.е.]] По [[Персиски војни|Персиските војни]] Александар конечно успеал да ја врати независноста на Македон.
 
Иако Македон била сметана за полуварварска земја од страна на некои во Атина (чии територии биле загрозени од неговиот експанзионизам), Александар потекнувал од Грци од [[Аргос]] и од [[Херакле]]. По одлуката на судот на [[хеланодикаи]] дека тој навистина бил нивен предок, му било дозволено да учествува во [[Стари Олимписки игри|Олимписките игри]], чест која им била давана само на Грци. Го преуредил својот двор по урнек на [[Атина]] и бил покровител на поетот [[Пиндар]].
 
Во 450 год. п.н.е. бил наследен од неговиот син [[Пердика II]].
 
АЛЕКСАНДАР I и неговото учество во ГРЧКО-ПЕРСИСКИ војни
Сите податоци за владеењето на Александар I се поврзани со неговото учество во Грчко-Персиските војни,Македонија се нашла на средината на овој судир па колку и да сакал Александар неможел да остане настрана од овој настан на векот како што го нарекува Херодот. Македонија се наоѓала на патот од Босфорот до Хелада па секој поход на самите Персијци морал да минува низ Македонија. Александар бил поврзан со Персијците преку залогот што лично тој им го дал уште за време на владеењето на неговиот татко Аминта I а со Хелените одржувал добри трговски врски бидејки Македонија во тоа време е најзначајниот извор за снабдување на дрво, кој бил од суштинска важност за Хелените бидејки најголем дел од хеленската флота била изградена од македонско дрво. Со доаѓањето на власт на Ксеркс (486 год.п.н.е) Персија превзела поголеми дејствија против Хелените.
{{Кралеви на Античка Македонија}}
 
[[Категорија:Кралеви на Античка Македонија]]
[[Категорија:Аргеадска династија]]