Хавиер Ернандес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 34:
 
Ернандез направи десет настапи во [[Примера Дивизион Мексико|Апертура 2008]] без да постигне гол, но тој постигна четири гола во петнаесет настапи во [[Примера дивизија Мексико|Клаусура 2009]]. Во [[Примера Дивизион Мексико|Апертура 2009]], Ернандез го заврши првенството како најдобар стрелец , заедно со уште двајца други играчи со по единаесет гола, во седумнаесетте мечеви во кој настапи. На стартот на [[Примера Дивизион-Мексико|првенството 2010 година]] тој почна со осум гола во пет натпревари. Тој заврши како заеднички-лидер на листата на стрелците во [[Примера Дивизион-Мексико|првенството 2010 година]], со десет гола во единаесет меча по пропуштените 5 натпревари поради повреда.
 
===Манчестер Јунајтед===
====Трансфер====
 
[[File:Chicharito.ogv|thumb|250px|Ернандез на своето деби за Манчестер Јунајтед]]
[[ФК Манчестер Јунајтед|Манчестер Јунајтед]] за прв пат беа заинтересирани за Ернандез во октомври 2009 година; Скаутот отиде во Мексико подоцна во декември и изјави дека мислењето му е позитивно по гледањето на неколку меча. Поради возраста на Ернандез, клубот првично планираше да причека пред да потпише со играчот, но неговиот потенцијал и придонесот за националниот тим на Светското првенство беа пресудни во Јунајтед да побрзаат со правење на понудата. Главниот скаут на Јунајтед, Џим Лаулор, беше испратен во Мексико за три недели во фебруари и март за да го прати Ернандез и поднесе уште еден позитивен извештај за него, пред клупскиот адвокат да замине во Мексико да ја финализира документацијата.
 
На 8 април 2010 година, Ернандез склучи договор и потпиша за [[ФК Манчестер Јунајтед|Манчестер Јунајтед]] за непозната сума, а повод за трансферот во овој период беше поднесувањето апликација за работна дозвола. Претходниот ден, Ернандез бил присутен на мечот на Манчестер Јунајтед во четврт-финалето на [[Лига на шампиони|Лигата на шампионите]],кога беше победен [[ФК Баерн Минхен|Баерн Минхен]] на [[Олд Трафорд]]. Договорот беше спроведен во целосна тајност; агентот на Ернандез беше чуван во темница, како што беше и неговиот дедо [[Томас Балказар]]. Како дел од договорот, Јунајтед требаше да одигра пријателски натпревар против [[ФК Чивас Гвадалахара|Чивас]] за да го отворат нивниот [[Естадио Чивас|нов стадион]] на 30-ти јули. На 27-ми мај, работната дозвола му беше доделена, што му овозможи трансферот да му биде официјализиран на 1 јули.