Хавиер Ернандес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 21:
 
Ернандез го направи своето деби за [[Фудбалска репрезентација на Мексико|Мекико]] во септември 2009 година во натпреварот против [[Фудбалска репрезентација на Колумбија | Колумбија]], тој исто така, настапуваше на [[Светско првенство во фудбал 2010|Светското првенство 2010]] во [[Јужна Африка]] и [[КОНКАКАФ Голд Куп 2011|КОНКАКАФ Голд Купот 2011]]. Тој беше најдобар стрелец на Голд купот со 7 гола и беше прогласен за најкорисен играч на турнирот. Тој има направено 33 настапи за Мексико и постигнато 23 гола.
 
 
== Кратка биографија и раните години од живот ==
 
Хернандез е роден во [[Гвадалахара]] и за првпат играл во рекреативната лига кога имал седум години. Неговиот татко, [[Хавиер Ернандез Гутиерез]], и самиот претходно репрезентативен напаѓач на Мексико, изјавил дека никогаш не помислил дека неговиот син, всушност, ќе го направи тоа како професионалец. Хернандез и се приклучи на [[ФК Чивас Гвадалахара|Гвадалахара]] на возраст од девет години и го потпишал својот прв професионален договор кога имал 15 години. Тој беше избран да игра на Светско првенство на ФИФА за играчи под 17 години, но повредата го отстрани од тимот што на крајот го освои шампионатот.
 
 
== Клупска кариера ==
=== Гвадалахара ===
 
Ернандез почна да игра во пониската екипа на [[ФК Чивас Гвадалахара|Чивас]], [[ФК Чивас Гвадалахара резерви | Chivas Coras]] во сезоната 2005-06. Тој го направи своето деби за Чивас Гвадалахара во Апертура 2006 во победата над [[ФК Некакса| Некакса]] на [[Естадио Халиско]]. При резултат од 3-0, Чичарито влезе како замена за [[Омар Браво]] во 82 минута, пред да го постигне четвртиот гол во мечот пет минути подоцна. Тоа беше неговиот единствен гол во седум настапи во 2006-07. Тој направи уште шест настапи во 2007-08 без погодок.
 
Ернандез направи десет настапи во [[Примера Дивизион Мексико|Апертура 2008]] без да постигне гол, но тој постигна четири гола во петнаесет настапи во [[Примера дивизија Мексико|Клаусура 2009]]. Во [[Примера Дивизион Мексико|Апертура 2009]], Ернандез го заврши првенството како најдобар стрелец , заедно со уште двајца други играчи со по единаесет гола, во седумнаесетте мечеви во кој настапи. На стартот на [[Примера Дивизион-Мексико|првенството 2010 година]] тој почна со осум гола во пет натпревари. Тој заврши како заеднички-лидер на листата на стрелците во [[Примера Дивизион-Мексико|првенството 2010 година]], со десет гола во единаесет меча по пропуштените 5 натпревари поради повреда.
 
 
== Приватен живот ==