Небесен екватор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: ku:Ekwatora ezmên
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:AxialTiltObliquity mk.png|мини|десно|300п|Небесниот екватор е наклонет 23,4° во однос на [[еклиптика|еклиптичката рамнина]]. На сликата е прикажан односот помеѓу Земјиниот [[оскиносен наклон]] (сплеснатост), [[Ротација|оската на ротација]] и [[орбитална рамнина|орбиталната рамнина]].]]
'''Небесниот екватор''' е [[голема кружница]] на замислената [[небесна сфера]] која лежи на иста рамнина со [[Земја|Земјиниот]] [[екватор]]. Со други зборови, ова е проекција на земскот екватор во вселената. Поради Земјиниот [[оскиносен наклон]], небесниот екватор е наклонет 23,4°<ref>[http://hpiers.obspm.fr/eop-pc/models/constants.html Корисни константи] - Меѓународна служба за Земјината ротација и упатни системи {{en}}</ref> во однос на [[Еклиптика|еклиптичката рамнина]].
 
Ако стоиме на земскиот [[екватор]], небесниот екватор можеме да го замислиме како [[полукруг]] што минува низ [[зенит]]от веднаш над нас. Ако се придвижиме северно (или јужно), небесниот екватор ќе се наклони кон јужниот (или северниот) хоризонт. Небесниот екватор е бескрајно далечен (бидејќи е наоѓа на небесната сфера); затоа краевите на полукругот секогаш завршуваат точно на исток и точно на запад, без оглед натоа каде се наоѓаме на Земјата. (Но на [[географски пол|половите]] небесниот екватор е паралелен на хоризонтот.) Небесниот екватор изгледа совршено прав на секоја географска ширина бидејќи набљудувачот е конечно оддалечен од рамнината на небесниот екватор, но бесконечно оддалечен од самиот небесен екватор.