Разлика помеѓу преработките на „Транслација (биологија)“

Дополнување
(Дополнување)
[[Податотека:Ribosome mRNA translation en.svg|400п|мини|десно|Процесот на транслација.]]
Во [[Молекуларна биологија|молекуларната биологија]], '''транслацијата''' е третиот чекор од процесот на [[Синтеза на протеини|биосинтеза на протеините]] со кој [[Амино киселина|амино киселините]] се врзуваат една со друга во специфичен редослед според правилата пропишани од [[Генетски код|генетскиот код]].
 
Првиот чекор во биосинтезата на протеините е [[Транскрипција (генетика)|транскрипцијата]] на информативната [[РНК]] од [[ген]] на [[ДНК]] во [[Клеточно јадро|јадрото]]. Паралелно со овој процес се врши синтеза на други видови на РНК со помош на соодветната ДНК. Овие различни типови на РНК мигрираат од јадрото во [[цитоплазма]]та.
 
== Фази во транслацијата ==
 
Транслацијата се одвива во четири фази: активација, иницијација, елонгација и терминација (сите тие го опишуваат растот на ланецот од амино киселини или полипептидот кој е производ на транслацијата). Амино киселините се донесуваат до рибозомите и прават [[протеин]]и.
 
== Основни механизми ==
{{Биохем-никулец}}
 
Основниот процес со кој се произведуваат протеини се состои во последователно додавање на амино киселини сè додека е потребно за да се изгради одреден протеин. Оваа активност се изведува од страна на [[рибозом]]ите. Која амино киселина ќе се додаде е одредено од молекулата на [[иРНК]]. Секоја додадена амино киселина се совпаѓа со тринуклеотидна субсеквенца од иРНК. За секој ваков можен [[триплет]] се прифаќа само еден вид на амино киселина. Последователните амино киселини кои се придодаваат на ланецот се совпаѓаат со последователните [[нуклеотид]]ни триплети во иРНК. На овој начин, секвенцата од нуклеотиди во шаблонскиот иРНК ланец ја одредува секвенцата на амино киселини во добиениот ланец од амино киселини.<ref>{{cite book
| last = Neill
| first = Campbell
| authorlink =
| title = Biology; Fourth edition
| publisher = [[The Benjamin/Cummings Publishing Company]]
| series =
| year = 1996
| doi =
| isbn = 0-8053-1940-9
| page = 309,310}}</ref>
 
иРНК носи генетска информација закодирана во вид на рибонуклеотидна секвенца од [[хромозом]]ите до рибозомите. Рибонуклеотидите се „читаат“ од транслациската машина во секвенца од нуклеотидни триплети наречени [[кодон]]и. Секој од овие триплети кодира специфична амино киселина.
 
Рибозомите го транслираат (преведуваат) овој код во специфична секвенца од амино киселини. Рибозомот претставува структура од повеќе подединици која содржи [[рРНК]] и протеини. Се нарекува „фабрика“ во која амино киселините се собираат (или подредуваат) во протеини. [[тРНК]] претставуваат мали, некодирачки ланци на РНК (од 74-93 нуклеотиди) кои ги пренесуваат амино киселините до рибозомот. тРНК поседуваат место за приврзување со амино киселина, како и место наречено [[антикодон]]. Антикодонот е РНК триплет комплементарен со иРНК триплетот кој кодира за нивната „натоварена“ амино киселина.
 
[[Аминоацил тРНК синтетаза]] (вид на [[ензим]]) го катализира врзувањето меѓу специфичните тРНК и амино киселините за кои се одредени нивните антикодони. Производот од оваа реакција е молекулата [[аминоацил-тРНК]]. Оваа молекула патува внатре во рибозомот, каде иРНК кодоните се совпаднуваат преку комплементарно спарување на бази за специфични тРНК антикодони. Рибозомот поседува три места за врзување со тРНК. Тие се: местото [[аминоацил]] (скратено: А), местото [[пептидил]] (скратено: P) и излезното место (скратено: Е; ''exit''). Поради иРНК, трите места се насочени 5’ накај 3’ E-P-A, затоа што рибозомите се движат кон 3’ крајот на иРНК. Местото А ги врзува надоаѓачките тРНК со комплементарен кодон на иРНК. Местото P ја држи тРНК со растечкиот [[полипептид]]ен ланец. Местото Е ја држи тРНК без нејзините амино киселини. Кога еден аминоацил-тРНК најпрво се врзува со својот совпаѓачки кодон на иРНК, тогаш тој се наоѓа на местото А. Потоа се образува [[пептидна врска]] меѓу амино киселината на тРНК во местото А и амино киселината на зафатената тРНК во местото P. Растечкиот полипептиден ланец се пренесува до тРНК во местото А. Се случува транслокација, при што тРНК (сега без амино киселина) се преместува од местото P во местото Е; тРНК која била во местото А (сега зафатена со полипептиден ланец) се преместува во местото P. тРНК која се наоѓа во местото Е си оди, а друг аминоацил-тРНК влегува во местото А за повторно да се одвива процесот.<ref>{{cite book|last=Griffiths|first=Anthony|title=Introduction to Genetic Analysis|year=2008|publisher=W.H. Freeman and Company|location=New York|isbn=978-0-7167-6887-6|pages=335–339|edition=9th|chapter=9}}</ref>
 
По додавањето на новата амино киселина на ланецот, енергијата добиена од [[хидролиза]]та на [[ГТФ]] врска до [[транслоказа]]та [[EF-G]] (кај [[прокариоти]]) и [[eEF-2]] (кај [[еукариоти]]) го придвижува рибозомот за еден кодон кон 3' крајот. Енергијата потребна за транслација на протеините е значителна. За протеин кој содржи n амино киселини, бројот на високоенергетски фосфатни врски потребни за неговата транслација изнесува 4n-1. Степенот на транслација е различен: значително е поголем кај прокариотските клетки (и до 17-21 аминокиселински остатоци за секунда) за разлика од еукариотските (до 6-9 аминокиселински остатоци за секунда).<ref>{{cite journal |author=Ross JF, Orlowski M |title=Growth-rate-dependent adjustment of ribosome function in chemostat-grown cells of the fungus ''Mucor racemosus'' |journal=J. Bacteriol. |volume=149 |issue=2 |pages=650–3 |year=1982 |month=February |pmid=6799491 |pmc=216554 }}</ref>
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
== Поврзано ==
* [[Прокариотска транслација]]
* [[Еукариотска транслација]]
 
[[Категорија:Генетика]]