Габа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2+) (Бот Менува: tl:Fungus
викификација
Ред 22:
[[Пигмент]]ираната клеточна обвивка е изградена од [[хитин]]ска материја или (кај некои попримитивни видови) од [[целулоза]] и [[пектин]]. Во клетките на габите нема хлоропласти. Во клетките како резервна материја не се натрупува [[скроб]] како кај растенијата, туку [[гликоген]] и масти карактеристични за животните.
 
[[Габа|Габите]] се [[размножување|размножуваат]] [[бесполово]], со [[спора|спори]], кои носени од ветерот можат да се пренесат на големи растојанија. Тие можат да се [[размножување|размножуваат]] бесполово со кинење на делови од [[хифи|хифите]] и со [[пупење]]. Има габи кои се [[размножување|размножуваат]] полово.
 
Има повеќе [[вид|видови]] на [[габа|габи]] и тоа:
 
 
* [[Лигави габи]] - Myxomycetes
: [[Лигави габи|Лигавите габи]] имаат повеќе сличности со [[протиста|протистите]] отколку со вистинските [[габа|габи]], поради што тие можат да се одделат во посебна [[група]]. Тие се изградени од гола [[протоплазматична маса]], наречена [[плазмодиум]], кој содржи голем број на [[јадро|јадра]]. [[Плазмодиум|Плазмодиумот]] е сличен на [[амеба|амебата]] и тоа не само според [[форма|формата]] на [[тело|телото]] и начинот на [[движење]], туку и по начинот на [[исхрана]] со [[фагоцитоза]].
 
 
Вистинските [[габа|габи]] се класифицирани во неколку класи: [[Нижа габа|Нижи габи]] - Phycomycetes, [[Столпчеста габа|Столпчести габи]] - Basidiomycetes, [[Торбеста габа|Торбести габи]] - Ascomycetes, [[Лишај|Лишаи]] - Lichenes.
 
 
* [[Нижи габи]] - Phycomycetes
: [[Мицелиум|Мицелиумот]] на овие [[габа|габи]] е цевчест, а [[хифи|хифите]] не се поделени со прегради. Живеат во водна средина, на влажни почви и во сувоземни услови. Тука спаѓа родот [[црна мувла]] - Mucor mucedo. Тој се развива на леб, сирење, овошје, зеленчук, губре и почва. [[Мицелиум|Мицелиумот]] е белузлав, а од него се издигнуваат вертикални [[хифи]] кои на врвот носат по еден [[спорангиум]]. Тоа е топчесто телце со темна обвивка, а кога ќе се распука се ослободуваат голем број на [[спора|спори]]. Во [[паразитска габа|паразитските габи]] спаѓа [[плазмоспора|плазмоспората]], која паразитира на листовите од [[виновата лоза]], при што на нив се јавуваат дамки како да се изгорени од пламен, а поради тоа ова [[заболување]] се нарекува [[пламеница]]. Вакви [[заболување|заболувања]] се јавуваат и кај други [[земјоделски култури|култри]], како [[пламеница]] на [[тутун]], [[сончоглед]], [[афион]], [[кромид]], [[зелка]], при што се предизвикуаат големи штети.
 
 
* [[Столпчести габи]] - Basidiomycetes
: [[Печурка|Печурките]] живеат [[сапрофит|сапрофитски]], на изгниените [[стебло|стебла]], по [[кора|кората]] на [[дрво|дрвјата]], во [[ливада|ливадите]] и [[пасиште|пасиштата]]. Тие формираат големи, лесно забележливи плодни тела, со форма на чадорче со дршка. Речиси кај сите нив [[мицелиум|мицелиумот]] е повеќегодишен. Презимуваат во [[почва]] или на [[дрво]] и секоја [[година]] формираат плодни тела. Плодните тела им се разликуваат според [[форма|формата]], [[големина|големината]], [[боја|бојата]], [[градба|градбата]], [[конзистенција|конзистенцијата]], [[трајност|трајноста]]. За [[исхрана]] се употребува [[полска печурка|полската печурка]] - Agaricus, која расте секаде каде што има природно ѓубре, а се развива од [[мај]] до [[октомври]]. Кај нас се користи [[шампињон|шампињонот]], во свежа и конзервирана состојба. Меѓу [[печурка|печурките]] има и такви кои се многу [[отров|отровни]] и смртоносни за [[човек|човекот]]. Најотровна [[печурка]] е [[муварка|муварката]], која на изглед е многу убава и има црвено чадорче со бели даммки.
 
 
* [[Торбести габи]] - Ascomycetes
: Нивниот [[мицелиум]] е изграден од преградени [[хифи]], а во [[клеточен ѕид|клеточните ѕидови]] имаат [[хитин]]. Заеднички белег за овие [[габа|габи]] е [[аскус|аскусот]]. Тоа е топчеста творба, [[спорангиум]], исполнета со [[спора|спори]], а поврзана е со половото [[размножување]]. [[Квасна габа|Квасните габи]] немаат развиен [[мицелиум]]. Тие се топчести или јајчести и се [[размножуваат]] со пупење. Обично малидте [[клетка|клетки]] остануваат заедно и формираат [[низа|низи]]. Најпозната [[квасна габа]] е [[вински квасец|винскиот квасец]], кој во форма на [[спора]] презимува во [[почва|почвата]], и од таму се пренесува во [[грозје|грозјето]] и [[вино|виното]]. [[Лебен квасец|Лебниот квасец]] се употребува во подготовката на [[леб]] и на [[бело печиво|бели печива]]. Родовите [[пеницилиум]] и [[аспергилус]] се [[сапрофит|сапрофити]] на [[леб|лебот]], [[сирење|сирењето]], [[лимон|лимонот]]. Тие имаат разгранет [[мицелиум]]. [[Габа|Габата]] [[пеницилиум|Penicillium]] го излачува [[антибиотик|антибиотикот]] [[пеницилин]], кој ги уништува [[микроорганизми|микроорганизмите]]. [[Пеницилин|Пеницилинот]] го открил [[Велика Британија|англискиот]] [[лекар]] [[Александар Флеминг]] во [[1929 година]]. Од тогаш почнува нова [[ера]] во [[медицина|медицината]], односно [[лекување]] со [[антибиотик|антибтиотици]], со што се спасени многу [[живот|животи]].
 
 
* [[Лишај|Лишаи]] - Lichenes
: [[Лишај|Лишајот]] е [[симбиоза]] помеѓу [[габа|габите]] и [[едноклеточна алга|едноклеточните алги]]. [[Габа|Габата]] со своите [[хифи]] прима [[вода]] и [[минерал|минерали]], а [[алга|алгата]] врши [[фотосинтеза]] и обезбедува [[органска материја|органски материи]]. Ваквиот начин на живеење им овозможува [[опстанок]] во неповолни услови, на вискоите [[планина|планини]], сувите [[карпа|карпи]], на [[кора|кората]] од [[дрво|дрвјата]], во арктичките подрачја. Според [[форма|формата]] [[лишај|лишајот]] може да биде: [[Корест лишај|корест]], [[Листест лишај|листест]] и [[Грмушест лишај|грмушест]]. [[Талус|Талусот]] може да биде во повеќе нијанси на [[жолта боја|жолта]], [[кафеава боја|кафеава,]] [[сива боја|сива]], [[бела боја|бела]] и [[црна боја|црна]] [[боја]].
: [[ЛишајЛишаите]]Лишаите имаат големо значење за [[живот|животот]] на [[човек|човекот]]. Тие се користат како [[храна]] за [[човек|луѓето]] и [[животно|животните]]. Многу одамна [[човек|човекот]] ги користел за боење на [[свила|свилата]] и [[волна|волната]]. За потребите на [[парфимерија|парфимериските]] [[производ|производи]] од [[лишај|лишаите]] се вадат [[миризливо масло|миризливите масла]], кои се додаваат во [[парфем|парфемите]], [[сапун|сапуните]] и другите [[козметички препарат|козметички препарати]]. Во [[медицина|медицината]] се користат за [[лекување]] на [[кожа|кожни]] и други [[заболување|заболувања]] кај [[човек|човекот]] и кај [[животно|животните]], бидејки [[екстракт|екстрактите]] од [[лишај|лишаите]] имаат [[антибактериско дејство]]. [[Лишај|Лишаите]] се многу осетливи на чистотата на [[воздух|воздухот]] и затоа се користат како [[аероиндикатор|аероиндикатори]] при општата проценка на [[степен|степенот]] на [[загаденост]] на [[средина|средината]], особено на [[атмосферски воздух|атмосферскиот воздух]]. Тие се развиваат исклучително во [[чиста средина|чисти средини]].
 
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Габа