Леонардо да Винчи: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: su:Leonardo da Vinci
Ред 67:
 
=== Втор период во Милано ===
Тој е познат по тоа што ја нацртал сликата Мона Лиза.
 
Вториот милански период во животот на Леонардо да Винчи го опфаќа времето од летото [[1506]] година до есента [[1513]] год. Притоа, неколку пати Леонардо се враќал во Фиренца во врска со недовршената работа во Палацо Векjо, а особено околу поделбата на наследството, кое останало по смртта на татко му во [[1504]] година. Во Милано, тој живеел како прочуен сликар, иако бил сè помалку активен во сликарството, предавајќи им се на другите области кои го интересирале. Во август [[1507]], Леонардо повторно добил прилика да ја оствари својата идеја за споменик на коњаник: Имено, командантот на француската војска при опсадата на Милано, генералот [[Џанџакомо Тривулцјо]] оставил голема сума пари, наменета за изградба на спомен-обележје по неговата смрт. Кога Леонардо му ја претставил својата идеја за монументален споменик, Тривулцјо бил воодушевен и ги напуштил првичните скромни планови за својата гробница. Споменикот на Тривулцјо бил замислен во стилот на споменикот на Сфорца, при што, повторно, првичните скици од [[1507]]-[[1509]] год. предвидувале композиција со силна динамика (коњ исправен на задните нозе, борба меѓу два воини итн.), но во последната верзија од [[1508]]-[[1512]] год., Леонардо се одлучил за поскромно решение. Меѓутоа, наспроти неколкугодишните подготовки, на крајот, Тривулцјо одлучил да не го оствари проектот, па така, пропаднала и оваа можност за создавање монументално дело.