Обврзница: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Обврзница''' ([[англиски]]: ''bond'') претставувае должничка [[хартија од вредност]], со која се потврдува дека имателот (купувачот, доверителот) му исплатил на должникот (издавачот) определен износ [[пари]], како противвредност на обврзницата и дека должникот ќе му ги исплати на доверителот позајмениот износ, заедно со [[камата]], и тоа, според утврдената [[каматна стапка]] и во договорените рокови.<ref>''Прирачник за подготвување и полагање на стручен испит за вршење работи со хартии од вредност'', Комисија за хартии од вредност, Скопје, 2008, стр. 377.</ref>
Обврзниците претставуваат дополнителен извор на средства за издавачот. Често, средствата добиени со нивно издавање служат за финансирање посебни програми или објекти чии приходи понатаму се користат за исплата на достасаните обврзници. Обврзниците се многу слични на кредитот, бидејќи и тие претставуваат форма на задолжување.
 
==Издавање наИздавање обврзниците==
 
==Издавање на обврзниците==
 
Под примарен пазар на обврзниците се подразбира времето и просторот на кој правните и другите субјекти, во согласност, со прописите и своите потреби, издаваат обврзници заради прибирање парични средства. Кај државните обврзници, првата продажба ја врши [[централна банка|централната банка]], која работи како агент за сметка на [[држава]]та и која, за таа цел, може да организира [[аукција]]. Како купувачи на обврзниците може да се јават [[банкa|банки]], други финансиски организации, [[претпријатиe|претпријатија]], па и физички лица, кои најчесто се претставени преку посредници - ([[брокери]] и [[ дилери]]). Натамошниот промет со државните обврзници може да се одвива во непосреден контакт на купувачите и продавачите (неорганизиран пазар) или на институционален [[пазар на пари]].
 
За да може да се пристапи кон издавање [[корпорација|корпоративни]] обврзници, претпријатието мора да добие одобрение од надлежниот орган во земјата ([[Комисија за хартии од вредност]]). Издавањето обврзници има сложена постапка. Прво, се утврдува обемот на [[капитал]]от што се сака да се прибере со издавањето обврзници, видот на обврзниците, каматната стапка, номиналната вредност на кој ќе гласат обврзниците и др. По добивањето согласност од надлежниот орган, фирмата донесува одлука за издавање обврзници. Потоа, се заклучува договор со кој се регулираат правата на доверителите и обврските на корисникот. Овој договор обично се склучува со некоја финансиска организација која ја избира издавачот на обврзниците и која има законско овластување да ги претставува сите тогашни и идни купувачи на обврзниците од фирмата. Оваа организација всушност е старател (trustee). Првата продажба на обврзниците, фирмата може да ја изврши така што нив ќе ги продаде на некоја финансиска организација или ќе ги продаде на јавноста, со посредство на специјализирана организација ([[инвестициска банка]]). Притоа, посредникот може да се јави како гарант дека обврзниците ќе ги продаде, при што врз себе го презема ризикот на продажбата.<ref>Синиша Спасов, Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'', Економски факултет, Скопје, 2004, стр. 225.</ref>
 
== Основни елементи на обврзницата==
 
==Основни елементи на обврзницата==
 
Секоја обврзница задолжително ги има следниве основни елементи:<ref>''Прирачник за подготвување и полагање на стручен испит за вршење работи со хартии од вредност'', Комисија за хартии од вредност, Скопје, 2008, стр. 377.</ref>
* Ознака дека станува збор за обврзница
Ред 24 ⟶ 20:
* Правата од обврзницата
 
== Видови обврзници ==
 
==Видови обврзници==
Обврзниците може да се јават во повеќе видови. Притоа, поделбата на обврзниците може да се изврши од различни аспекти.
 
=== Обврзници според рокот на достасувањето ===
Вообичаено, според преостанатата рочност, обврзниците се делат на следниве видови:
* кусорочни ( рочност до 5 години),
Ред 36 ⟶ 30:
Сепак, рочноста понекогаш се разликува на различните национални пазари. Во [[САД]], на пример, должничките хартии од вредност со рок од 2, 5 и 10 години кои ги издава државата се нарекуваат [[државни записи]] (treasury notes), а 30-годишните државни хартии од вредност се нарекуваат обврзници (treasury bonds). Во [[Велика Британија]], истиот инструмент со рок од 5 години и повеќе се нарекува обврзница (bond).<ref>Михаил Петковски, ''Финансиски пазари и институции'', Економски факултет, Скопје, 2004, стр. 213.</ref>
 
=== Обврзници според издавачот ===
Во зависност од тоа, кој се јавува како издавач на обврзниците, тие се делат на два вида:
* државни (government) и
Ред 49 ⟶ 43:
* зависни заложници, кои имаат побарување од [[актива]]та на фирмата со помал приоритет во случај на нејзино банкротирање.<ref>''Прирачник за подготвување и полагање на стручен испит за вршење работи со хартии од вредност, Комисија за хартии од вредност'', Скопје, 2008, стр. 383.</ref>
 
=== Други поделби на обврзниците ===
 
Според начинот на кој се остваруваат правата, постојат:
* обврзници што гласат на име и
Ред 87 ⟶ 80:
* негарантирани обврзници.
 
=== Други видови обврзници ===
Во практиката се среќаваат и други видови обврзници, како што се:
 
Ред 102 ⟶ 95:
''Меѓународни обврзници'' се странските обврзници и еврообврзниците (eurobonds). Странските обврзници се издаваат од позајмувачи што потекнуваат од земја што е различна од земјата каде што се продаваат, додека обврзниците се деноминирани во валутата на земјата во која се продаваат. Наспроти нив, [[еврообврзни]]ците се издадени во валутата на една земја, но се продадени на [[пазар]] во друга земја.<ref>''Прирачник за подготвување и полагање на стручен испит за вршење работи со хартии од вредност'', Комисија за хартии од вредност, Скопје, 2008, стр. 385.</ref>
 
== Цена на обврзницитеобврзницата ==
 
==Цена на обврзниците==
 
По правило, обврзниците носат фикснa каматa. Но, со оглед на тоа што повеќето земји во светот се соочуваат со пониски или повисоки стапки на [[инфлација]], во такви услови, обврзниците често пати имаат флуктуирачки камати. Каматните стапки најчесто се определуваат некој процент повисоко од [[ЛИБОР]] (каматите што меѓусебно си ги пресметуваат [[лондон]]ските банки).
 
Ред 117 ⟶ 108:
* ''Добивка до достасувањето'' (yield to maturity), т.е. добивка која се остварува во моментот на купувањето на обврзниците до времето на нивно доспевање, односно претставува разлика меѓу куповната цена на обврзниците и номиналната вредност, којашто се исплатува до достасувањето.
* ''Вкупна добивка'' (total return), која се пресметува врз основа на главнината, номиналната каматна стапка и камата на каматата (сложена камата). Претпоставка за оваа добивка е реинвестирање на каматата со што инвеститорите ќе заработат камата на каматата, која значително ќе ја зголеми нивната добивка.<ref>''Прирачник за подготвување и полагање на стручен испит за вршење работи со хартии од вредност'', Комисија за хартии од вредност, Скопје, 2008, стр. 389.</ref>
 
 
==Наводи==
{{наводи}}
 
 
 
[[Категорија: Економија]]
[[Категорија: Финансии]]
[[Категорија: Финансиски пазар]]
 
[[en:Bond]]