Разлика помеѓу преработките на „Обврзница“

Додадени 21.304 бајти ,  пред 8 години
создавање нова статија со содржина и извори
с (Бот: Промена на шаблон: Економија-никулец)
(создавање нова статија со содржина и извори)
'''Обврзница''' [[англиски: bond]] претставува должничка [[хартија од вредност]], со која се потврдува дека имателот (купувачот, доверителот) му исплатил на должникот (издавачот) определен износ [[пари]], како противвредност на обврзницата и дека должникот ќе му ги исплати на доверителот позајмениот износ, заедно со [[камата]], и тоа, според утврдената [[каматна стапка]] и во договорените рокови.<ref>''Прирачник за подготвување и полагање на стручен испит за вршење работи со хартии од вредност'', Комисија за хартии од вредност, Скопје, 2008, стр. 377.</ref>
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
Обврзниците претставуваат дополнителен извор на средства за издавачот. Често, средствата добиени со нивно издавање служат за финансирање посебни програми или објекти чии приходи понатаму се користат за исплата на достасаните обврзници. Обврзниците се многу слични на кредитот, бидејќи и тие претставуваат форма на задолжување.
{{внимание}}
'''Обврзниците''', како и акциите, се [[Хартија од вредност|хартии од вредност]]. Тие ја искажуваат вредноста и каматата која продавачот треба да му ја исплати на купувачот. Продавачот ја поседува обврзницата, тој може да ја продаде во замена за пари кои треба да ги врати зголемени со камата. Продавачот обично е претпријатие, а купувач е широката народна јавност (човекот). Вредноста на обврзницата обично не е поголема од 1000 евра. Постои ризик оваа обврзница да биде заменета со акции или да ѝ биде намалена номиналната вредност. Но овој ризик е многу помал во однос на ризикот кај акциите.Обврзниците се состојат од 2 дела.Во првиот дел стои дека документот претставува обврзница.Додека во вториот дел стои номиналната вредност на обврзницата,како и процентот на каматата која треба да се врати на купувачот.Постапката за издавање на обврзници е сложена.
.
 
{{Никулец од областа на економијата}}
 
==Издавање на обврзниците==
[[Категорија:Финансии]]
 
[[Категорија:Економски поими]]
Под примарен пазар на обврзниците се подразбира времето и просторот на кој правните и другите субјекти, во согласност, со прописите и своите потреби, издаваат обврзници заради прибирање парични средства. Кај државните обврзници, првата продажба ја врши [[централна банка|централната банка]], која работи како агент за сметка на [[држава]]та и која, за таа цел, може да организира [[аукција]]. Како купувачи на обврзниците може да се јават [[банкa|банки]], други финансиски организации, [[претпријатиe|претпријатија]], па и физички лица, кои најчесто се претставени преку посредници - ([[брокери]] и [[ дилери]]). Натамошниот промет со државните обврзници може да се одвива во непосреден контакт на купувачите и продавачите (неорганизиран пазар) или на институционален [[пазар на пари]].
 
За да може да се пристапи кон издавање [[корпорација|корпоративни]] обврзници, претпријатието мора да добие одобрение од надлежниот орган во земјата ([[Комисија за хартии од вредност]]). Издавањето обврзници има сложена постапка. Прво, се утврдува обемот на [[капитал]]от што се сака да се прибере со издавањето обврзници, видот на обврзниците, каматната стапка, номиналната вредност на кој ќе гласат обврзниците и др. По добивањето согласност од надлежниот орган, фирмата донесува одлука за издавање обврзници. Потоа, се заклучува договор со кој се регулираат правата на доверителите и обврските на корисникот. Овој договор обично се склучува со некоја финансиска организација која ја избира издавачот на обврзниците и која има законско овластување да ги претставува сите тогашни и идни купувачи на обврзниците од фирмата. Оваа организација всушност е старател (trustee). Првата продажба на обврзниците, фирмата може да ја изврши така што нив ќе ги продаде на некоја финансиска организација или ќе ги продаде на јавноста, со посредство на специјализирана организација ([[инвестициска банка]]). Притоа, посредникот може да се јави како гарант дека обврзниците ќе ги продаде, при што врз себе го презема ризикот на продажбата.<ref>Синиша Спасов, Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'', Економски факултет, Скопје, 2004, стр. 225.</ref>
 
 
==Основни елементи на обврзницата==
 
Секоја обврзница задолжително ги има следниве основни елементи:<ref>''Прирачник за подготвување и полагање на стручен испит за вршење работи со хартии од вредност'', Комисија за хартии од вредност, Скопје, 2008, стр. 377.</ref>
* Ознака дека станува збор за обврзница
* Називот и седиштето на издавачот
* Ознака дали гласи на име или на доносител
* Номинална вредност на обврзницата
* Висина на каматната стапка
* Рокови за отплата на камата и главнината
* Место и датум на издавањето
* Сериски број на обврзницата
* Факсимил на потписите на овластените лица на издавачот
* Правата од обврзницата
 
 
==Видови обврзници==
Обврзниците може да се јават во повеќе видови. Притоа, поделбата на обврзниците може да се изврши од различни аспекти.
 
===Обврзници според рокот на достасувањето===
Вообичаено, според преостанатата рочност, обврзниците се делат на следниве видови:
* кусорочни ( рочност до 5 години),
* среднорчни (рочност од 5 до 15 години), и
* долгорочни обврзници (рочност од 15 години или повеќе)
Сепак, рочноста понекогаш се разликува на различните национални пазари. Во [[САД]], на пример, должничките хартии од вредност со рок од 2, 5 и 10 години кои ги издава државата се нарекуваат [[државни записи]] (treasury notes), а 30-годишните државни хартии од вредност се нарекуваат обврзници (treasury bonds). Во [[Велика Британија]], истиот инструмент со рок од 5 години и повеќе се нарекува обврзница (bond).<ref>Михаил Петковски, ''Финансиски пазари и институции'', Економски факултет, Скопје, 2004, стр. 213.</ref>
 
===Обврзници според издавачот===
Во зависност од тоа, кој се јавува како издавач на обврзниците, тие се делат на два вида:
* државни (government) и
* корпоративни (corporate bonds).
 
Државни обврзници издава државата со цел да прибере средства за финансирање на тековниот дефицит во нејзиниот [[буџет]]. Најголемата светска економска сила, [[САД]] и нејзината влада земаат на заем голем дел од средствата со подажба на државни [[меницa|меници]] и државни обврзници. Достасувањето на државните меници може да биде до 10 години, а на обврзниците од 10 до 30 години. И државните меници и државните обврзници, се издаваат со износи од 1 000 [[долар]]и или повеќе, со полугодишни камати наречени купонски плаќања. Покрај нивните различни достасувања при издавањето, единствена поголема разлика меѓу нив е тоа што државните обврзници можат да бидат отповикливи во текот на даден период, обично во последните пет години од векот на обврзницата. Според оваа одредба, државата има право да ја откупи обврзницата по номиналната вредност.
 
Корпоративни обврзници се средства со кои приватните фирми позајмуваат пари директно од јавноста. Овие обврзници, според структурата, се слични на државните обврзници, т.е. плаќаат полугодишни купони во текот на нивниот век и му ја враќаат номиналната вредност на имателот на обврзницата на денот на достасувањето. При купување на корпоративните обврзници, инвеститорите особено внимание посветуваат на ризикот за неуспех.
Во таа насока, практиката познава:
* обезбедени обврзници, кои имаат посебна гаранција во случај на [[банкрот]]ирање на фирмата,
* необезбедени обврзници, наречени заложници, кои немаат [[гаранција]], и
* зависни заложници, кои имаат побарување од [[актива]]та на фирмата со помал приоритет во случај на нејзино банкротирање.<ref>''Прирачник за подготвување и полагање на стручен испит за вршење работи со хартии од вредност, Комисија за хартии од вредност'', Скопје, 2008, стр. 383.</ref>
 
===Други поделби на обврзниците===
 
Според начинот на кој се остваруваат правата, постојат:
* обврзници што гласат на име и
* обврзници што гласат на доносител.
 
Според степенот на осигурување на побарувањата, постојат:
* осигурени обврзници и
* неосигурени обврзници.
Ако обврзницата е осигурена, должникот заложува некој вид имот како обезбедување. Во случај на неплаќање, [[кредит]]орот може да го земе обезбедувањето во своја сопственост. Обврзниците што не се обезбедени со конкретен имот се неосигурени. Ако должникот банкротира, нема конкретен имот со кој кредиторите би ги задоволиле своите побарувања спрема должникот.<ref>Михаил Петковски, ''Финансиски пазари и институции'', Економски факултет, Скопје, 2004, стр. 215.</ref>
 
Според доходот што го носат, постојат:
* обврзници со фиксна камата,
* обврзници со променлива каматна стапка и
* обврзници што овозможуваат учество во добивката.
До средината на [[1970]]-тите години, каматните стапки на обврзниците биле фиксирани на денот на издавањето. Со појава на растечката инфлација, корпорациите започнале да издаваат обврзници со променлива каматна стапка (variable interest rate bonds). [[Ctiicorp]] била првата американска фирма која понудила обврзници со варијабилни каматни стапки.<ref>Михаил Петковски, ''Финансиски пазари и институции'', Економски факултет, Скопје, 2004, стр. 218.</ref>
 
Според валутата на која се издадени, постојат:
* обврзници кои гласат на домашна валута и
* обврзници што гласат на странска валута.
 
Според начинот на отплатата на главнината, обврзниците се јавуваат како:
* еднократна обврзница и
* ануитетна обврзница чија главнина се отплатува периодично.
 
Според посебните права, постојат:
* партиципативни обврзници и
* заменливи обврзници.
 
Според правото на откуп пред рокот на достасувањето, постојат:
* отповикливи и
* неотповикливи обврзници.
Повеќето обврзници имаат клаузула на отповикливост, каја нагласува дека издавачот има право да го принуди сопственикот на обврзницата да му ја продаде обврзницата пред рокот на достасувањето. Клаузулата за отповикливост вообичаено предвидува извесно време за чекање помеѓу времето кога обврзницата е издадена и времето кога таа може да биде отповикана. Цената која е предвидена да им биде исплатена на сопствениците на обврзниците се определува на нивото на номиналната вредност или нешто повисоко (вообичаено, таа е повисока од износот на едногодишната камата).
 
Според сигурноста на нивната наплата, постојат:
* гарaнтирани и
* негарантирани обврзници.
 
===Други видови обврзници===
Во практиката се среќаваат и други видови обврзници, како што се:
 
''Оврзници на локални органи на управата'' (municipal bonds, local authority stocks) кои ги издава државата и локалните власти на единиците на [[локална самоуправа|локалната самоуправа]].
 
''Доходни обврзници'' (income bonds) кои претставуваат најризични обврзници, издадени од корпорациите. Нивната клучна карактеристика е дека каматата се плаќа само доколку фирмата има средства за тоа.<ref>Михаил Петковски, ''Финансиски пазари и институции'', Економски факултет, Скопје, 2004, стр. 217.</ref>
 
''Конвертибилни обврзници'' (convertible bonds) кои претставуваат хибриден вид на [[хартии од вредност]]. Технички, тие претставуваат долг, бидејќи плаќаат камата, која претставува фиксна обврска на фирмата и имаат датум на доспевање. Но, овие обврзници имаат една специјална карактеристика - инвеститорот има [[опција]] да ја замени обврзницата во точно определен број обични [[акции]].<ref>Михаил Петковски, ''Финансиски пазари и институции'', Економски факултет, Скопје, 2004, стр. 218.</ref>
 
''Бескупонски обврзници'' (zero-coupon bonds) се оние кои не плаќаат камата, но се продаваат со голем [[дисконтни хартии од вредност|дисконт]] во однос на номиналната вредност.<ref>Михаил Петковски, ''Финансиски пазари и институции'', Економски факултет, Скопје, 2004, стр. 219.</ref>
 
''Високо ризични обврзници'' (junk bonds) кои не претставуваат посебен вид обврзница, туку тоа е име за долг со многу низок квалитет. Овие обврзници се неосигурени и можат да бидат подредени на другите должнички обврски на фирмата. Оттука, ваквите обврзници се многу ризични и мора да понудат повисоки камати.<ref>Михаил Петковски, ''Финансиски пазари и институции'', Економски факултет, Скопје, 2004, стр. 219.</ref>
 
''Меѓународни обврзници'' се странските обврзници и еврообврзниците (eurobonds). Странските обврзници се издаваат од позајмувачи што потекнуваат од земја што е различна од земјата каде што се продаваат, додека обврзниците се деноминирани во валутата на земјата во која се продаваат. Наспроти нив, [[еврообврзни]]ците се издадени во валутата на една земја, но се продадени на [[пазар]] во друга земја.<ref>''Прирачник за подготвување и полагање на стручен испит за вршење работи со хартии од вредност'', Комисија за хартии од вредност, Скопје, 2008, стр. 385.</ref>
 
 
==Цена на обврзниците==
 
По правило, обврзниците носат фикснa каматa. Но, со оглед на тоа што повеќето земји во светот се соочуваат со пониски или повисоки стапки на [[инфлација]], во такви услови, обврзниците често пати имаат флуктуирачки камати. Каматните стапки најчесто се определуваат некој процент повисоко од [[ЛИБОР]] (каматите што меѓусебно си ги пресметуваат [[лондон]]ските банки).
 
Обврзниците може да се продаваат по:
* номиналната цена, т.е. по вредноста на којашто гласат,
* под номиналната цена и
* над номиналната цена.
 
При работа со обврзниците, купувачите може да остварат неколку добивки:
* Номинална добивка или ''купонска добивка'' (coupon yield). Оваа добивка е однапред позната и непроменлива.
* ''Тековна добивка'' (current yield), која е детерминирана со пазaрната цена на обврзницата.
* ''Добивка до достасувањето'' (yield to maturity), т.е. добивка која се остварува во моментот на купувањето на обврзниците до времето на нивно доспевање, односно претставува разлика меѓу куповната цена на обврзниците и номиналната вредност, којашто се исплатува до достасувањето.
* ''Вкупна добивка'' (total return), која се пресметува врз основа на главнината, номиналната каматна стапка и камата на каматата (сложена камата). Претпоставка за оваа добивка е реинвестирање на каматата со што инвеститорите ќе заработат камата на каматата, која значително ќе ја зголеми нивната добивка.<ref>''Прирачник за подготвување и полагање на стручен испит за вршење работи со хартии од вредност'', Комисија за хартии од вредност, Скопје, 2008, стр. 389.</ref>
 
 
==Наводи==
{{наводи}}
 
 
 
[[Категорија: Економија]]
[[Категорија: Финансии]]
[[Категорија: Финансиски пазар]]