Западна Европа: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
дополнување
Ред 60:
Старите ниски зарамнети планини се претежно со мали релативни височини до околу 500м. Поретки се планините што се издигаат на 1000м. Такви се планините во Велика Британија, Ардените во Белгија и Централниот Масив во Франција. Сите овие планини со своите рудни богатства се основата за појавата и развојот на првата индустрија во светот, така што во нивна непосредна влизина се развиени поголем број рударски и индустриски населби.
Младите набрани планини во Западна Европа се незначително застапени. Опфаќаат делови од Пиринеите и од Француските Алпи. Тие се одликуваат со типичен високопланински релјеф чии врвови се под постојан снег и мраз, со присуство на глечери. Меѓу Франција и Италија се наоѓа Мон Блан (4810м), највисокиот врв во Европа. Остатоци од глацијалните периоди има и на некои од планините во Шкотска.
 
== Клима ==
Климата во Западна Европа, е главно, под влијание на Атланскиот Океан и на западните ветрови кои од Океанот дуваат кон копното. Големо влијание има топлата Гофска Струја, која покрај бреговите на Западна Европа се движи од појужните кон посеверните мориња. Оиве фактори условуваат меѓу зимскити и летните периоди во Западна Европа да има мали температурни разлики. Тие се движат од 0°С во јануари до околу 15°С во јули. Токму затоа во лето преовладуваат облачни денови со чести врнежи и магии. Заота климата во Западна Европа се именува како атанско поднебје за кое се карактеристични благи зими и умерено топли лета.
Во некои региони климата се одликува со одредени модификации, но тие, главно, не зафркаваат поголеми територии. Станува збор за присуство на медитеранска клима на југот на Франција, типична планинска клима на Француските алпи и на Пиринеите и значително поврнежливо време во западните делови на Ирска и Велика Британија.
Благопријатната клима и релативно големите количества врнежи, кои имаат прилично правилен распоред преку годината, овозможуваат развиток на бујни, претежно тревни растителни видови наместа прекинати со помали површини од листопадни шумски растенија. Сето таа територија на Западна Европа ја прави зелена, поради што Западна Европа често се нарекува и Зелена Европа.
== Население ==
Територијата на Западна Европа е мошне густо населена. Но, густината на населеност е нерамномерна. Најугсто населени Холандија и Белгија, северните делови на Франција и јужните делови на Велика Британија. Другите делови, како што се јужните делови на Франција и Ирска, се со поретка густина на населеност. Населението во Западна Европа, главно, припаѓа на две групи народи: на германската и на италската група. Поголемиот дел и припаѓа на германската група. Во неа спаѓаат: Англичаните, Холанѓаните и Фламанците во Белгија. Во романската група народи спаѓаат: Французите и Вавилонците во Белгија. Карактеристично за Западна Европа е тоа што во Ирска, во Северна Шкотска, во Велс и на францускот полуостров Бретања живеат потомци на Келтите, кои зборуваат на свои посебни јазици.
Меѓутоа, главни јазици се:
Англискиот во Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска и во поголем дел на Ирска;
Францускиот во Франција и во Белгија;
Холандскиот во Холандија и скоро половина Белгија;
Германскиот во делови од Белгија, од Луксембург и од Франција.
Помалку застапени се:
Баскискиот - во југозападните делови на Франција;
Католонскиот во јужните делови на Франција;
Корзиканскиот на сотровот Корзика.
Според религиската припадност, населението во Западна Европа главно припаѓа на христијанската религија, во: Франција, Ирска и Белгија се негува католичката вероисповед, а во Велика Британија и во делови од Холандија населението е со протенстанската вероисповед.
Четири држав: Велика Британија, Франција, Холандија и Белгија се познати како колонијални сили со колонии низ целиот свет, осовено во минатото. Еден дел од нивното население во даден временски период по разни основи емигрирало во колониите. Типичен пример е Ирска. Но, по подолготрајните комуникации се колониите, дел од населението на колониите дошло во земјите на Западна Европа. Денес тоа е мошне карактеристично: за Франција, каде што голем дел на населението по потекло е од Алжир, од Мароко и од други земји; за Велика Британија, каде што голем број жители по потекло се од Индија и од некои африкански земји.
Во контекст на виталноста, населението во Западна Европа се одликува со стабилен природен прираст, кој се движи до околу 10 промили.
Културата на земјите од Западна Европа денес скоро во целост е пренесена на северноамериканиот континент, во Австралија и длеумно во Африка и Азија.
 
== Карти за Западна Европа ==