Социјалистичка Република Македонија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 65:
=== Државен терор ===
 
Имено,СТЕФАН МИШЕВ [[ВМРО]] како политичка организација на Македонците можеше да биде центар што би прераснал во политички конкурент на КП. Намерата, пак, процесите против опонентите на КП без оглед на кој слој на населението припаѓале, да бидат водени така што ќе се докаже дека обвинетите биле поврзани со ВМРО на [[Ванчо Михајлов]], имала цел осудуваните да ги поврзе со терористичка организација и споменот за ВМРО да остане само спомен за она што било под раководство на Ванчо Михајлов. Специфична непријателска средина партијата утврдила во [[малцинства]]та, особено во турското и во албанското малцинство, и спрема тие луѓе е водена политика на елиминација.
 
Целта на раководството на КП била да создаде општество во Македонија во согласност со [[ленин]]истичките принципи на Комунистичката партија. Се барало и интелигенцијата и свештенството да се приспособат на тие принципи и да се елиминира секаква можност на слобода и [[плурализам]] во [[економија]]та, во политичкиот и во општествениот живот. Паралелно се градеа и институциите на македонската држава, првпат во поновата историја. Но и тој процес и' беше подреден на потребата од комплетна доминација на КП во животот на македонското општество. Затоа беа елиминирани барем половината од оние што ги градеа државата и државните институции. Така на пример, од вкупно 22 члена на [[Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ|Иницијативниот одбор на АСНОМ]], 10 члена се изложени на [[репресија]], а од вкупно 22 члена на [[Президиумот на АСНОМ]], 11 се изложени на репресија.