Апостол Марко (Евангелист): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
FoxBot (разговор | придонеси)
с r2.6.5) (Бот Додава: cy:Marc
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
[[Податотека:MarkEvangelist.jpg|right|250px]]
'''Светиот апостол и евангелист Марко''' му бешебил сопатник и помошник на [[Апостол Петар|апостолот Петар]], којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух. Кога Марко беше во [[Рим]] со Петар, верните го замолија да им ја запише спасоносната наука на Господ [[Исус Христос]], Неговите чуда и Неговиот живот. Така го напиша Светото Евангелие, коешто го виде и го посведочи за вистинито и самиот апостол Петар. Тој го постави Марко за епископ и го испрати на проповед во Мисир. Така тој беше првиот проповедник на Евангелието и првиот епископ во Мисир. Мисир беше сиот притиснат од густиот мрак на незнабоштвото, гатањето и злобата. Со Божја помош Свети Марко успеа да го посее семето на Христовата наука низ [[Ливија]], [[Амоникија]] и [[Пентапол]].
 
Од Пентапол, воден од Духот Божји, дојде во [[Александрија]]. Таму успеа да ја заснова Црквата Божја, да постави епископ, свештеници и ѓакони и сѐ добро да утврди во благочестивата вера. Својата проповед ја потврдуваше со големи и многубројни чуда. Кога незнабожците подигнаа обвиненија против него, како против разорувач на нивната идолопоклоничка вера, а градоначалникот почна да трага по него, тој побегна повторно во Пентапол и таму продолжи да го утврдува своето поранешно дело.