Габа: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с викификација
Ред 34:
 
 
* [[Нижа габа|Нижи габи]] - Phycomycetes
: [[Мицелиум|Мицелиумот]] на овие [[габа|габи]] е цевчест, а [[хифи|хифите]] не се поделени со прегради. Живеат во водна средина, на влажни почви и во сувоземни услови. Тука спаѓа родот [[црна мувла]] - Mucor mucedo. Тој се развива на леб, сирење, овошје, зеленчук, губре и почва. [[Мицелиум|Мицелиумот]] е белузлав, а од него се издигнуваат вертикални [[хифи]] кои на врвот носат по еден [[спорангиум]]. Тоа е топчесто телце со темна обвивка, а кога ќе се распука се ослободуваат голем број на [[спора|спори]]. Во [[паразитска габа|паразитските габи]] спаѓа [[плазмоспора|плазмоспората]], која паразитира на листовите од [[виновата лоза]], при што на нив се јавуваат дамки како да се изгорени од пламен, а поради тоа ова [[заболување]] се нарекува [[пламеница]]. Вакви [[заболување|заболувања]] се јавуваат и кај други [[земјоделски култури|култри]], како [[пламеница]] на [[тутун]], [[сончоглед]], [[афион]], [[кромид]], [[зелка]], при што се предизвикуаат големи штети.
 
 
* [[Столпчеста габа|Столпчести габи]] - Basidiomycetes
: [[Печурка|Печурките]] живеат [[сапрофит|сапрофитски]], на изгниените [[стебло|стебла]], по [[кора|кората]] на [[дрво|дрвјата]], во [[ливада|ливадите]] и [[пасиште|пасиштата]]. Тие формираат големи, лесно забележливи плодни тела, со форма на чадорче со дршка. Речиси кај сите нив [[мицелиум|мицелиумот]] е повеќегодишен. Презимуваат во [[почва]] или на [[дрво]] и секоја [[година]] формираат плодни тела. Плодните тела им се разликуваат според [[форма|формата]], [[големина|големината]], [[боја|бојата]], [[градба|градбата]], [[конзистенција|конзистенцијата]], [[трајност|трајноста]]. За [[исхрана]] се употребува [[полска печурка|полската печурка]] - Agaricus, која расте секаде каде што има природно ѓубре, а се развива од [[мај]] до [[октомври]]. Кај нас се користи [[шампињон|шампињонот]], во свежа и конзервирана состојба. Меѓу [[печурка|печурките]] има и такви кои се многу [[отров|отровни]] и смртоносни за [[човек|човекот]]. Најотровна [[печурка]] е [[муварка|муварката]], која на изглед е многу убава и има црвено чадорче со бели даммки.
 
 
* [[Торбеста габа|Торбести габи]] - Ascomycetes
: Нивниот [[мицелиум]] е изграден од преградени [[хифи]], а во [[клеточен ѕид|клеточните ѕидови]] имаат [[хитин]]. Заеднички белег за овие [[габа|габи]] е [[аскус|аскусот]]. Тоа е топчеста творба, [[спорангиум]], исполнета со [[спора|спори]], а поврзана е со половото [[размножување]]. [[Квасна габа|Квасните габи]] немаат развиен [[мицелиум]]. Тие се топчести или јајчести и се [[размножуваат]] со пупење. Обично малидте [[клетка|клетки]] остануваат заедно и формираат [[низа|низи]]. Најпозната [[квасна габа]] е [[вински квасец|винскиот квасец]], кој во форма на [[спора]] презимува во [[почва|почвата]], и од таму се пренесува во [[грозје|грозјето]] и [[вино|виното]]. [[Лебен квасец|Лебниот квасец]] се употребува во подготовката на [[леб]] и на [[бело печиво|бели печива]]. Родовите [[пеницилиум]] и [[аспергилус]] се [[сапрофит|сапрофити]] на [[леб|лебот]], [[сирење|сирењето]], [[лимон|лимонот]]. Тие имаат разгранет [[мицелиум]]. [[Габа|Габата]] [[пеницилиум|Penicillium]] го излачува [[антибиотик|антибиотикот]] [[пеницилин]], кој ги уништува [[микроорганизми|микроорганизмите]]. [[Пеницилин|Пеницилинот]] го открил [[Велика Британија|англискиот]] [[лекар]] [[Александар Флеминг]] во [[1929 година]]. Од тогаш почнува нова [[ера]] во [[медицина|медицината]], односно [[лекување]] со [[антибиотик|антибтиотици]], со што се спасени многу [[живот|животи]].
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Габа