Разлика помеѓу преработките на „Славко Милосавлевски“

с
Во екот на борбата на југословенското комунистичко раководство против [[либерализам|либерализмот]] и [[национализам|национализмот]], како близок соработник на [[Крсте Црвенковски]], Милосавлевски во [[1972]] година доаѓа под удар. На [[27 октомври]] [[1972]] година по барање на тогашниот преседател на СКМ, [[Ангел Чемерски]], Милосавлевски поднесува оставка на функцијата секретар на СКМ, а на [[36-та седница на ЦК СКМ]] во јануари [[1973]] година, поднесува оставка и на членството во Централниот комитет. Следната година конзервативците во Партијата сакаат сосема да го отстранат од Партијата и кон крајот на јуни [[1974]] година успеваат да организираат изјаснување на Основната организација на СКМ на Правниот факултет. Основната организација гласа за исклучување на Милосавлевски од СКМ, при што му престанува и работниот однос на Факултетот.
 
Во ноември 1974 година Милосавлевски заминува за [[САД]] во надеж дека ќе најде работа на некој американски факултет. Сепак, неговите идеолошки врски со југословенскиот комунизам се премногу силни и тој не сака југословенската власт да го прогласи за дисидент. Поради тоа одбива да се согласи за издавање на неговата книга „Револуција и антиреволуција“ на англиски јазик и во јуни [[1975]] година, по добиените лажни најави дека ќе биде повторно разгледано неговото враќање на работа на Факултетот, се враќа во Македонија. Веднаш се покажува дека неговите надежи биле неосновани и Милосавлевски останува изолиран се до воведувањето на политичкиот плурализам.
 
По воведувањето на [[политички плурализам|политичкиот плурализам]] учествува во формирањето на [[Социјалдемократска партија на Македонија|Социјалдемократската партија на Македонија]] и е избран за нејзин прв претседател. На чело на партијата е до септември [[1991]] година, кога ја напушта партијата и се повлекува од активната политика.
 
По осамостојувањето на [[Република Македонија]] одреден период е македонски [[амбасадор]] во СР [[Југославија]].
 
==Творештво==
97

уредувања