Мирослав Крлежа: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додаје: sv:Miroslav Krleža
с →‎Живот: Аугуст Цесарец
Ред 33:
По [[Првата светска војна]], Крлежа, фасциниран од [[Ленин]] и [[Октомвриска револуција|Октомвриската револуција]], се приклучува кон комунистичкото движење и станува една од најугледните личности во [[Југославија]] што ја прифатиле [[комунизам|комунистичката идеологија]]. Во периодот помеѓу двете светски војни тој станува движечката сила зад неколку прогресивни списанија: „Пламен“ (1919), „Книжевна република“ (1923-1927), „Данас“ (1934) и „Печат“ (1939-1940). Издавањето на „Печат“ предизвикува големи бранувања во редовите на југословенските комунисти и во таканаречениот судир на книжевната левица во Југославија „Печат“ стои на неортодоксни позиции. Раководството на чело со [[Јосип Броз Тито]] неповолно ја оценува појавата на „Печат“ во кого се осудува социјалистичкиот реализам, се брани интелектуалната слобода и се осудуваат [[Сталинови чистки|Сталиновите чистки]]. Во тој период Крлежа е исклучен од [[КПЈ]].
 
Кога во текот на [[Втората светска војна]] е основана [[Независна Држава Хрватска]], Крлежа ја одбива понудата на Тито да им се приклучи на партизаните и целиот период на војната тој го поминува во Загреб. Се верува дека врз неговата одлука да не им се приклучи на партизаните влијаела судбината на неговиот соработник [[АвгустАугуст Цесарец]] при [[инцидентот во Керестинец]].
 
По Втората светска војна Крлежа кратко време е во немилост кај комунистичката власт, поради улогата при судирот на книжевната левица и неприклучувањето на партизаните. Но поради неговиот голем углед како писател, простени му се идеолошките гревови и е целосно рехабилитиран. За возврат, Крлежа повеќе не го критикува комунистичкото раководство. Во [[1951]] година е назначен на чело на Југословенскиот лексикографски завод во Загреб, на која функција останува до својата смрт во [[1981]] година.