Свети Наум Охридски Чудотворец: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 15:
'''Свети Наум Охридски Чудотворец''' (са. [[830]] - [[23 декември]] [[910]]), бил [[Среден век|средновековен]] научник, писател, учител, и еден од основоположниците на словенската и [[Македонска книжевност|македонската писменост]] и просвета. Роден е во првата половина на [[IX век]].
 
Наум беше еден од даровитите ученици на браќата [[Св. Кирил и Методиј|Кирил и Методиј]] и како таков, кога во [[893]] година неговиот брат [[Свети Климент Охридски|Климент]] беше назначен за словенски епископ во Велика, на неговото учителско место во [[Кутмичевица]] беше назначен Наум Охридски. Во Македонија, во [[Охридска книжевна школа|Охридската книжевна школа]], Наум Охридски успешно ја продолжи целокупната дејност на Климент Охридски, а изгради и манастир во близината на [[Охрид]]. Познато е дека се занимавал со [[Литература|литературна дејност]], но неговите текстови сесè уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на црковнословенски јазик, се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во народната медицина и толерантно ги водел црковните работи.
 
Животниот пат на Свети Наум Охридски тече паралелно со оној на [[Cвети Климент]]. Свети Наум учествува во [[Моравска мисија|Моравската мисија]], по чие завршување оди во [[Бугарија]], а оттука во [[Охрид]] каде ќе им се приклучи на Климент во работата на [[Охридската книжевна школа]]. Св. Наум Охридски бил познат како учител, организатор на црковниот живот, просветата, културата, поттикнувал учени луѓе кон творештвото.