Исхрана: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 406:
'''Цинк'''

Цинкот е потребен во голем број ензими и игра важна улога кај транскрипцијата на ДНК. Типичен симптом на недостаток од цинк е застојаниот раст на листови често познат како ''мал лист'' и е предизвикан од кислородната деградација на хормонот за раст оксин.

=== '''Процеси''' ===

Растенијата важните елементи ги земаат од почвата преку нивните корени и од воздухот (кој главно се состои од азот и кислород) преку нивните лисја. Земањето на хранливи материи од почвата се постигнува со катјонска размена, при која влакната од корењата пумпаат водородни јони (Х+) во почвата низ протонски пумпи. Овие водородни јони ги изместуваат катјоните прикачени за негативно наполнетите честички на почвата така што катјоните да бидат достапни за земање преку коренот. Во лисјата, стомите се отвараат за да внесат јаглероден диоксид и да исфрлаат кислород. Молекулите на јаглеродниот диоксид се користат како извор на јаглерод во фотосинтезата.

Иако азотот во атмосферата на земјата го има во големи количини, релативно мал број на растенија се вклучуваат во фиксација на азот (конверзија на атмосферски азот во биолошки употреблива форма). Поради тоа повеќето растенија имаат потреба од присуство на азотни соединенија во почвата во која растат.

Исхраната на растенијата е тежок предмет за целосно разбирање, делумно поради варијацијата помеѓу различните растенија па дури и меѓу различните видови или поединци од даден клон. Елементите присутни на ниско ниво можат да предизвикаат симптоми на недостаток, а на премногу високи нивоа можна е токсичност. Исто така, недостатокот од еден елемент може да се појави како симптом на токсичност од друг елемент и обратно.

Јаглеродот и кислородот се апсорбираат од воздухот, додека другите хранливи материи се апсорбираат од почвата. Зелените растенија ги добиваат своите резерви од јаглеродните хидрати од јаглеродниот диоксид во воздухот преку процесот на фотосинтезата.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Исхрана