Исхрана: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 308:
Во 1913 година Елмер Меколум (Elmer McCollum) ги открил првите витамини, витаминот А растворлив во масти и витаминот Б растворлив во вода (во 1915 година, сега е познато дека е сложенка составена од повеќе витамини растворливи во вода) и го именувал витаминот Ц како тогаш непозната супстанција која спречувала скробут. Лафајет Мендел(Lafayette Mendel) и Томас Озборн (Thomas Osborne) исто така направиле пионерско дело за витамините А и Б. Во 1919 година Сер Едвард Меланбај (Ser Edward Mellanby) погрешно го идентификувал рахитисот како недостаток од витамин А бидејќи кај кучињата можел да го излечи со рибино масло. Во 1922 година Меколум го уништил витаминот А во рибино масло, но забележал дека се уште лечи рахитис. Исто во 1922 година Х.М. Еванс (H.M. Evans) и Л.С. Бишоп (L.S. Bishop) го откриваат витаминот Е како неопходен за бременоста кај стаорците и оригинално го нарекувале "Икс фактор на храната" до 1925 година.

Во 1925 година Харт откри дека за апсорбирање на железо се потребни мали количини на бакар. Во 1927 година Адолф Ото Рејнхолд Виндаус (Adolf Otto Reinhold Windaus) го синтетизирал витаминот Д за што добил Нобелова награда за хемија во 1928 година. Во 1928 година Алберт Зент-Гиорги (Albert Szent-Giorgyi) ја изолирал аскорбинската киселина, а во 1932 година докажал дека е витамин Ц со тоа што спречил скробут. Во 1935 година ја синтетизирал, а во 1937 година довил Нобелова награда за неговиот труд. Зент-Гиорги истовремено го расветлил и поголемиот дел од циклусот на лимонската киселина.

Бо 1930-тите години Вилијам Каминг Роуз (William Cumming Roze) ги идентификувал неопходните амино киселини, потребни протеински соединенија кои телото не може да ги ситетизира. Во 1935 година Андервуд (Underwood) и Марстон (Marston) поединечно ја откриле потребата од кобалт. Во 1936 година Јуџин Флојд Дубоа (Eugene Floyd Dubois) покажал дека извршувањето на училишните обврски и работата се поврзани со внесувањето на калории. Во 1938 година Ерхард Фернхолц (Erhard Fernholz)ја открил хемиската структура на витаминот Е. Истата беше синтетизирана од страна на Пол Карер (Paul Karrer).

Во 1940 година во Обединетото Кралство за време и после Втората светска војна се случи рационализирање врз основа на принципите во исхраната поставени од Елси Видовсон (Elsie Widdowson) и други. Во 1941 година првите дозволени дневни дози (ДДД) беа поставени од страна на Националниот совет за истражување.

Во 1922 година Секторот за земјоделство на САД ја воведе Пирамидата за водство во исхраната. Во 2002 година, проучување по Природна правда покажа врска меѓу исхраната и насилното однесување. Во 2005 година едно пеоучување покажало дека дебелината може да биде предизвикана од аденовирус како дополнение на лоша исхрана.

=== '''Исхрана на растенијата''' ===

Исхраната на растенијата е проучувањето на хемиските елементи потребни за растот на растенијата. Постојат неколку начела кои се однесуваат на исхраната на растенијата. Некои елементи директно учествуваат во метаболизмот на растенијата. Сепак, ова начело не се однесува на т.н. корисни елементи, чие присуство иако не е неопходно, има јасно видливи позитивни ефекти врз растот на растението.

Една хранлива материја која е способна да го ограничи растот на растението според Лајбиговиот закон за минимум, се смета за неоходна хранлива материја за растенијата доколку растението без неа не може да го заврши својот целосен животен циклус. Постојат 17 неопходни хранливи материи за растенијата.

===== '''Макронутриенти:''' =====
* N=Азот
* P=Фосфор
* K=Калиум
* Ca=Калциум
* Mg=Магнезиум
* S=Сулфур
* Si=Силициум

===== '''Микронутриенти (на ниво на трага) вклучуваат:''' =====
* Cl=Хлор
* Fе=Железо
* B=Бор
* Mn=Манган
* Na=Натриум
* Zn=Цинк
* Cu=Бакар
* Ni=Никел
* Mo=Молибден

=== '''Макронутриенти''' ===

'''Калциум'''

Калциумот го регулира преносот на други хранливи материи во растението, а исто така е вклучен и во активирањето на одредени ензими на растенијата.

'''Азот'''

Азотот е битна компонента на сите протеини. Недостаток од азот често резултира со спречен развој.

'''Фосфор'''

Фосфорот е важен во биоенергетиката на растенијата. Како компонента на АТФ, фосфорот е потребен за претворањето на светлинската енергија во хемиска енергија (АТФ) за време на фотосинтезата. Фосфорот исто така може да се користи за модифицирање на активноста на различни ензими со фосфоризација и може да се користи за сигнализирање на клетките. Бидејќи АТФ може да се користи за биосинтеза на многу биомолекули на растенијата, фосфорот е важен за растот на растенијата и формирањето на цветот/семето.

'''Калиум'''

Калиумот го регулира отворањето и затворањето на стомата преку калиумска јонска пумпа. Бидејќи стомите се многу важни за регулирањето на вода, калиумот го намалува губењето на вода од листовите и ја зголемува толерантноста кон суша. Недостатокот на калиум може да предизвика некроза или интервенозна хлороза.

'''Силициум'''

Силициумот е наталожен во ѕидовите на клетките и допринесува за нивната механичка работа вклучувајќи цврстина и еластичност.

=== '''Микронутриенти''' ===

'''Бор'''

Борот е важен во пренесувањето на шеќер, делбата на клетките и синтетизирање одредени ензими. Недостатокот на бор кај млади листови предизвикува некроза и застој.

'''Бакар'''

Бакарот е важен за фотосинтезата. Симптомите за недостаток на бакар вклучуваат хлороза. Учествува во могу ензимски процеси. Потребен е за правилна фотосинтеза. Вклучен е во производството на лигнин (ѕидовите на клетките). Учествува во проиводството на жито.

'''Хлор'''

Хлорот е потребен за осмоза и за јонска рамнотежа. Исто така игра улога во фотосинтезата.

'''Железо'''

Железото е потребно за фотосинтеза и е присутно како ензимски кофактор кај растенијата. Недостатокот од железо може да резултира со интервенозна хлороза и некроза.

'''Манган'''

Манганот е потребен за изградба на хлоропласти. Недостатокот од манган може да резултира со абнормалности во бојата, како што се безбојни точки на зеленилото.

'''Молибден'''

Молибденот е кофактор кај ензимите кои се важни за изградба на амино киселини.

'''Никел'''

Кај повисоките растенија, никелот е важен за активирање на уреазата, ензим кој е во врска со азотниот метаболизам кој е потребен за да се преработи уреазата. Без Никел, токсичните нивоа на уреазата акумулираат и водат до формирање на некротични лезии. Никелот активира неколку ензими вклучени во различни процеси, и може да ги замени Цинкот и Железото како кофактор во некои ензими.

'''Натриум'''

Натриумот учествува во регенерацијата на фосфоренолпуравети во КАМ и М4 растенијата. Исто така може да замени калиум во некои околности.

'''Цинк'''

Цинкот е потребен во голем број ензими и игра важна улога кај транскрипцијата на ДНК. Типичен симптом на недостаток од цинк е застојаниот раст на листови често познат како ''мал лист'' и е предизвикан од кислородната деградација на хормонот за раст оксин.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Исхрана