Мартин Лутер Кинг: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 15:
Најпознат марш што го организираа Црнците во САД, при што еден од организаторите беше Кинг, беше маршот до [[Вашингтон]] за работа и слобода во [[1963]]. На централниот собир учествуваа повеќе од 250.000 луѓе, црнци но и белци, и беше голем успех, без сомнение еден од главните настани во борбата за извојување на основните граѓански права. Говорот на Кинг, „Имам сон”, предизвика воодушевување меѓу присутните и се смета, заедно со Гетисбуршкото обраќање на [[Абрахам Линколн]], за еден од најдобрите говори во историјата на американското [[говорништво]].
 
sdfdsfaadffsdнаПоради својата посветеност на ненасилниот отпор при спротивставувањето на расните предрасуди во САД, на [[14 октомври]] [[1964]] на Кинг му беше доделена Нобеловата награда за мир. Така, Кинг, на 35-годишна возраст, стана најмладиот добитник на Нобеловата награда за мир.
 
Од [[1965]], Кинг почнува да изразува сомнежи во врска со улогата на САД во [[Виетнамска војна|Виетнамската војна]]. На [[4 април]] [[1967]] - точно една година пред неговата смрт - Кинг одржа говор кој беше остро насочен против улогата на САД во војната, инсистирајќи дека САД е во Виетнам „за да го окупира како американска колонија”, при што го нарече САД „најголем испорачувач на насилство во светот денес”.