Петар Чаулев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 13:
 
== Биографија ==
=== Семејство ===
 
Роден е во [[Охрид]] во [[1880]] година. Потекнува од познато охридско семејство кое во давнина го носело презимето Малечкобеговци, Всушност, презимето Малечкобеговци фигуративно го опишувало нивното богаство, споредувајќи ги со ''„мали бегови“''. Преимето Чауле веќе го носеле неговиот дедо Ном и баба Ана, кои имале три сина: Јане, Диме и Јаким. Татко на Петар, најмалиот син Јаким, бил рибар, додека мајката Флора, која потекнувала од повидните фамилии од пограничниот регион кон [[Албанија]] и била братучетка со познатиот [[Кузман Шапкарев]], имала завршено учителска школа. Јаим и Флора имале повеќе деца, но сите освен Петар изумреле
===Македонската револуционерна организација ===
 
{{Главна|Македонска револуционерна организација}}
 
Роден е во [[Охрид]] во [[1880]] година. Се школувал во [[Охрид]] и во [[Битола]] и на 17 години, како ученик на битолската гимназија св. Кирил и Методиј, положил заклетва и се вклучил во македонското ослободително движење.
 
По краткото учителствување во охридските села, од [[1899]] година се јавува како организатор на револуционерните комитети во [[Охридско]], [[Преспанско]] и [[Леринско]] <ref>Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 475-481., „Българските революционни чети в Македония според доклад на А. Тошев до министъра на външните работи и изповеданията Д. Станчов“</ref> и како војвода во [[Охридско]] за време на [[Илинденското востание]]. За време на [[Младотурската револуција]] во [[1908]] година повторно се вратил во својот роден град [[Охрид]], каде што бил уапсен и затворен од новата младотурска власт. Во [[1919]] година бил избран за член на ''ЦК'' на ''ВМРО'', заедно со [[Тодор Александров]] и [[Александар Протогеров]].