Исхрана: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 284:
Луѓето се развиле како сештојади ловци-собирачи во текот на изминатите 250.000 години. Храната на раните модерни луѓе значително се разликувала во зависност од местоположбата и климата. Исхраната на тропските места се барзирала на растителна храна, додека храната на повисока ширина повеќе се базирала на животински производи. Анализите на посткранијални и кранијални остатоци од луѓе и од животни од Неолитот, заедно со детализирани проучувања на измената на коските, покажале дека канибализмот бил застапен и кај праисториските луѓе.

Земјоделството се развило пред околу 10.000 години на повеќе места низ светот и обезбедило житни растенија како што се пченица, ориз, компири и пченка, со главни производи како што се леб, тестенини и тортиљи. Фармерството исто така обезбедувало млеко и мелчни производи и остро ја зголемило достапноста на месо и разновидноста на зеленчуци. Важноста на чистотата на храната беше признаена кога масивното складирање доведе до инфестација и ризици од зараза. Готвењето се развило како честа ритуална активност како резултат на потреба од ефикасност и сигурност кое барало придржување до строги рецепти и процедури, како одговор на побарувачка за чистота и постојаност во храната.

=== '''Од античко време до 1900 година''' ===

Првиот регистриран експеримент во исхраната се наоѓа во Библиската Книга за Даниел. Даниел и неговите пријатели биле заробени од страна на кралот на Вавилон за време на инвазијата на Израел. Избрани како слуги на судот, требало да ја делат кралската храна и вино. Но тие се спротивставиле бидејќи преферирале зеленчук (грав, грашок и леќа) и вода во согласност со нивните Еврејски ограничувања во исхраната. Главниот домаќин на кралот колебливо се согласил на таква проба. Даниел и неговите пријатели ја добивале својата храна 10 дена и тогаш биле споредени со кралските луѓе. Бидејќи изгледале поздраво им било дозволено да продолжат со својата храна.

Околу 475 години пред нашата ера, Анаксагорас рекол дека храната се апсорбира од страна на човечкото тело и според тоа содржи "хомеомери" (генерирачки компоненти) што сугерира постоење на хранливи материи. Околу 400 години пред нашата ера, Хипократ рекол: "Нека храната биде Вашиот лек, а лекот Вашата храна".
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Исхрана