Исхрана: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 278:
Драматичен пример за влијанието на преработката на храна врз здравјето на едно население е приказната за епидемијата на бери-бери кај луѓето кои опстојувале од рафиниран ориз. Отстранувањето на надворешниот слој на оризот со полирање, го отстранува и битниот витамин тиамин, што предизвикува бери-бери. Уште еден пример е појавата на скробут кај децата во доцниот 19-ти век во САД. Се откри дека најголемиот дел од оние кои пателе биле хранети со загревано млеко (како што посочил Пастер) за да се контролираат бактериските болести. Пастеризацијата била ефективна против бактериите, но го уништувала витаминот Ц.

Како што беше споменато, болестите поврзани со животните навики и со дебелината стануваат се позастапени низ светот. Постои сомнеж дека за тоа допринело зголеменото користење на модерни технологии за преработка на храна низ светот. Индустријата за преработка на храна зафаќа голем дел на употреба. Општо гледано, природната, свежа храна има релативно кратка трејност и е помалку профитабилна за произведување и продажба отколку преработената храна. Како резултат на тоа, потрошувачот се соочува со избор меѓу поскапата, но поздрава, природна, свежа храна и преработената храна која најчесто е со пониска хранлива вредност. Бидејќи преработената храна честопати е поевтина, попогодна (за купување, складирање и подготовка) како и подостапна, консумацијата на помалку здрава храна се повеќе расте низ светот заедно со многуте компликации поврзани со исхраната и здравјето.

=== '''Историја''' ===

Луѓето се развиле како сештојади ловци-собирачи во текот на изминатите 250.000 години. Храната на раните модерни луѓе значително се разликувала во зависност од местоположбата и климата. Исхраната на тропските места се барзирала на растителна храна, додека храната на повисока ширина повеќе се базирала на животински производи. Анализите на посткранијални и кранијални остатоци од луѓе и од животни од Неолитот, заедно со детализирани проучувања на измената на коските, покажале дека канибализмот бил застапен и кај праисториските луѓе.

Земјоделството се развило пред околу 10.000 години на повеќе места низ светот и обезбедило житни растенија како што се пченица, ориз, компири и пченка, со главни производи како што се леб, тестенини и тортиљи. Фармерството исто така обезбедувало млеко и мелчни производи и остро ја зголемило достапноста на месо и разновидноста на зеленчуци. Важноста на чистотата на храната беше признаена кога масивното складирање доведе до инфестација и ризици од зараза. Готвењето се развило како честа ритуална активност како резултат на потреба од ефикасност и сигурност кое барало придржување до строги рецепти и процедури, како одговор на побарувачка за чистота и постојаност во храната.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Исхрана