Петранка Костадинова: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
JK 1985 (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 7:
 
На 04.02.2002 година, познатата пејачка загина во сообраќајна несреќа во центарот на Скопје. Пред несреќата таа се враќала од пробите пред претстојното овогодинешно издание на фестивалот на патриотски песни „Гоцефест“. Петранка и во смрт заминала со песна. Цел ден пеела дома и во 14 часот од дома заминала во МРТВ повторно да пее, сé до 18 часот, до трагичниот настан на раскрсницата кај "Мавровка".
 
 
Петранка Костадинова важеше за една од најдобрите интерпретаторки на старите народни песни и не без причина го носеше епитетот доајен на македонската народна музика. Многу песни се испеани во нејзината 35 години долга кариера, а во последно време Костадинова често настапуваше на фестивали каде што се негуваше македонскиот фолклор.