Живко Чинго: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 20:
Сите овие пет прозни дела, го сочинуваат јадрото на неговото творештво и го потврдуваат Чинго како автор со својствен раскажувачки свет, исклучителен по својата оригиналност, едноставност, со својата поетичност и непосредност, со својата раскажувачка драматика. Неговото творештво е високо вреднувано од македонската и [[Југославија|југословенската]] критика, а неговите дела се преведувани на: српскохрватски, [[Словенечки јазик|словенечки]], [[Албански јазик|албански]], [[Руски јазик|руски]], [[Полски јазик|полски]], [[Француски јазик|француски]], [[Унгарски јазик|унгарски]] и [[Германски јазик|германски]].
 
== Чинго - суптилен аналитичар на тоталитарната држава и Информбирото ==
Чинговите раскази, драми и романи преставуваат,покрај високата уметничка вредност, претставуваат историско сведоштво за времето натоталитарната држава и Информбирото, време по ''доаѓањето на слободата'', период од развојот на македонското општество исполнето со голем број на пресврти. Зад сцените, приказните и потескиот занес се открива еден свет лоциран во 40 - те и 50 - те години на 20 век испонет со репресија. Чинго во ''Последниот расказ од војната'' на еден многу вешт начин го преставил ''доаѓањето на слободата'':
 
: ''Слободата, другар, таа пак пустињата, најсилно го опијанува човечкото срце... Слобода, сакам да се радувам, а нешто не ме оставаат, разбираш. Слобода другар, проклетство, ќе паднат лажните државни судој, трулата власт, другар. Народен суд, народнии судии, нова власт, се по правда, без протекции, без црни робии. Разбираш, ќе нема богати и сиромаси, едно лепче ќе се делит на сите, не ќе има гладни, не ќе има жедни, власт народна човече. Човекот ќе дојде на своето место, на прво место човекот, разбираш, да си биде тоа што си е од природата, човек.'' <ref>Живко Чинго, Последниот расказ од војната, Нова Пасквелија, Култура, Скопје, 1964</ref>
 
Чинго во драмата ''Образов'' на еден многу суптилен начин го претставил расцепот кој настанал помеѓу тогашните македонски истакнати политичари и дејци. Низ монологот на Кудрев, млад уметник и бунтовник, син на партизански командант, Чинго го изразил догматизмот и сталинизмот, ограничувањето на слободата на мисла и газење по човечноста.
 
Таткото на Курдев бил легендарен партизански командант, но бил оставен ранет од соборците, а потоа бил убиен во окупаторска болница. Младиот уметник не може да се помири со фалсификуваниот извештај за смрта на неговиот татко, трага по вистината којкоја никој не есмеесмее јавно да ја каже. Неможејќи да се помири со таквата реалност, низ еден револт извикува:
 
: ''Светот е полн со страв! Проклет страв!... Човекот е останат без вистинска поткрепа, се чуствува давеник!... а потоа се прашува како може таквиот човек да биде слободен и еднаков со сите тие клучари како Свети Петар се заковале на рајските врати и пуштаа и не пуштаат, ја мерат душата и ја премеруваат, точат, преточуваат, на грамови го разделуваат човекот... ти одредуваат местенце, кафез, говорат - живеј, слободно живеј! Си го почуствувал ли тој мраз...'' <ref>Живко Чинго, Образов, Драми, Мисла, Скопје, 1989</ref>
 
== Дела ==