Живко Чинго: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 21:
 
== Чинго - суптилен аналитичар на Информбирото ==
Чинговите раскази, драми и романи преставуваат, покрај високата уметничка вредност, претставуваат историско сведоштво за времето на Информбирото, време по ''доаѓањето на слободата'', период од развојот на македонското општество исполнето со голем број на пресврти. Зад сцените, приказните и потскиотпотескиот занес се открива еден свет лоциран во 40 - те и 50 - те години на 20 век испонет со репресија.
 
Чинго во драмата ''Образов'' на еден многу суптилен начин го претставил расцепот кој настанал помеѓу тогашните македонски истакнати политичари и дејци. Низ монологот на Кудрев, млад уметник и бунтовник, син на партизански командант, Чинго го изразил догматизмот и сталинизмот, ограничувањето на слободата на мисла и газење по човечноста.
 
Таткото на Курдев бил легендарен партизански командант, но бил оставен ранет од соборците, а потоа бил убиен во окупаторска болница. Младиот уметник не може да се помири со фалсификуваниот извештај за смрта на неговиот татко, трага по вистината кој никој не есмее јавно да ја каже. Неможејќи да се помири со таквата реалност, низ еден револт извикува:
 
: ''Светот е полн со страв! Проклет страв!... Човекот е останат без вистинска поткрепа, се чуствува давеник!... а потоа се прашува како може таквиот човек да биде слободен и еднаков со сите тие клучари како Свети Петар се заковале на рајските врати и пуштаа и не пуштаат, ја мерат душата и ја премеруваат, точат, преточуваат, на грамови го разделуваат човекот... ти одредуваат местенце, кафез, говорат - живеј, слободно живеј! Си го почуствувал ли тој мраз...''
 
== Дела ==