Исхрана: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 293:
| Јод || Гушавост, хипотиреодизам || Јодска токсичност (гушавост, хипотиреодизам)

=== '''Психичка агилност''' ===

Истражувањето покажува дека подобрувањето на свеста за изборот на хранливи оброци и воспоставување на долготрајни навики за здрава исхрана има позитивен ефект на когнитивниот (сознајниот) и просторниот капацитет на помнењето, можно зголемувајќи го потенцијалот на студентот да преработува и помни академски информации.

Некои организации почнаа да работат со учители, креатори на политики, раководни претприемачи за услуги во исхраната за да ги управуваат подобрената хранлива содржина и зголемените хранливи ресурси во училишните кафетерии, од основни институции до ниво на универзитети. Докажано е дека здравјето и исхраната се тесно поврзани со целосниот образовен успех. Моментално, помалку од 10% од студентите во Американските колеџи се изјасниле дека ги јадат петте препорачани оброци на овошје и зеленчук дневно. Подобрата исхрана се покажало дека има позитивен ефект, како на когнитивниот така и на просторниот мемориски резултат. Едно проучување покажа дека оние со повисок степен на шеќер во крвта се покажале подобри на одредени мемориски тестови. Во едно друго проучување, оние кои консумирале јогурт се покажале подобри на задачи за размислување во споредба со оние кои консумирале диетални газирани пијалоци без кофеин и слатки. Недостатоците на храна исто така покажале дека имаат негативен ефект врз учењето кај глувци уште во 1951 година.

"Подобрите резултати во учењето се поврзуваат со ефекти предизвикани од храна во поглед на способноста за учење и помнење"

Врската "исхрана-учење" ја покажала поврзаноста меѓу храната и учењето и се применува во повисоко образовните околини.

"Ние сметаме дека подобро хранетите деца се покажуваат значително подобро во училиштата, делумно бидејќи тие запичнуваат со училиште порано со што имаат повеќе време да научат, но највеќе поради поголемата продуктивност од учењето за година на училиште"

91% од студентите во колеџите се чувствуваат здрави додека само 7% ја јадат својата препорачана доза на овошје и зеленчук.

Образованието за исхраната е ефективен и изводлив модел во повисока образовна околина.
Уште повеќе "ангажирани" образовни модели кои ја опфаќаат исхраната се идеја која навлегува на сите нивоа во циклусот на учење.
Постои ограничено истражување кое директно ја поврзува Просечната оценка (ПО) сна студентот со неговото целокупно здравје од исхраната. Дополнителни суштински податоци се потребни за да се докаже дека целосното интелектуално здравје е тесно поврзано со исхраната на еден човек и дека не е само учте една заблуда.

=== '''Душевни нарушувања''' ===

Лекувањето со додатоци во исхраната може да биде соодветно за длабока депресија, биполарно нарушување, шизофренија и опсесивно-компулсивно нарушување, четирите најчести душевни нарушувања во развиените земји. Најпроучуваните додатоци за подобрување на расположението и стабилизирање вклучуваат екосапантенова (eicosapentaenoic) киселина и докосахаексанова (docosahexaenoic) киселина (од кои двете се масни киселини на омега-3 кои се наоѓаат во рибиното масло, но не и во маслото од ленено семе), витамин Б12 и инозитол.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Исхрана