Исхрана: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 103:
Како и горенаведените минерали, некои витамини се признаени како неопходни хранливи материи потребни за добро здравје (исклучок е витаминот Д: во присуство на УВБ радијација може да се синтетизира во кожата). Некои соединенија слични на витамини кои се препорачуваат во исхраната како што е карнитинот, се сметаат дека се корисни за опстанок и здравје, но овие не се неопходни хранливи материи во исхраната бидејќи човечкото тело има капацитет да ги произведува од други соединенија. Освен тоа, неодамна во исхраната беа откриени илјадници други фитохемикалии (особено во свеж зеленчук), кои може да содржат пожелни својства вклучувајќи антиоксидантна активност (види подолу); Сепак, експерименталните демонстрации се покажуваат како сугестивни, но недоволни. Други неопходни хранливи материи кои не се класифицираат како витамини вклучуваат неопходни амино киселини (види погоре), холин, неопходни масни киселини (види погоре) и минералите расправани во претходниот дел.

Недостаток на витамини може да резултира со болести вклучувајќи гушавост, скробут, остеопороза, оштетен имунолошки систем, нарушување на клеточниот метаболизам, некои видови на рак, симптоми на прерано стареење и слаба психичка здравствена состојба (вклучувајќи нарушувања во исхраната) меѓу многу други. Превисокото ниво на некои витамини исто така е опасно по здравјето (особено витаминот А) и барем за еден витамин, витаминот Б6, токсичноста започнува на ниво недалеку од потребната количина. Недостаток или вишок од некои минерали исто така може да доведат до сериозни последици во здравјето.

=== '''Вода''' ===

Водата се излачува од телото во неколку форми вклучувајќи ја урината и изметот, потењето и преку водна пареа во издишаниот здив. Според тоа потребна е соодветна повторна хидратација за да се заменат изгубените течности.

Последните препораки во врска со количината на вода потребна за одржување на добро здравје посочуваат дека за одржување на правилна хидратација дневно се потребни 6-8 чаши вода. Сепак, не постои одреден веродостоен научен извор во врска со сфаќањето дека една личност треба да консумира 8 чаши вода дневно. Оригиналната препорака за внес на вода од страна на Одборот за храна и исхрана на Националниот совет за истражување од 1945 година гласи: "Нормалниот стандард за различни личности е 1 милилитар за секоја калорија од храна". Повеќето од овие количини се содржат во подготвената храна. Скорешни споредувања на добро познати препораки за внес на течности открија огромни разлики во обемот на вода кој треба да го консумираме за добро здравје. Според тоа за да се помогне во стандардизирање на насоките, препораките за консумација на вода се вклучени во два документа (2010) на Европската управа за безбедност на храната (ЕУБХ): (1) Насоки за исхраната (2) Вредноста на водата во врска со исхраната или соодветна дневна доза (СДД). Овие карактеристики се добиени со пресметување на соодветната доза од измерени кунсумирања во населенија од индивидуи со "пожелни осмоларни вредности на урина и пожелни консумирани количини на вода за единица енергија". За здрава хидратација, тековните насоки на ЕУБХ советуваат вкупна доза на вода од 2.0 литри/ден за возрасни жени и 2.5 литри/ден за возрасни мажи. Овие референтни вредности вклучуваат вода од вода за пиење, од други пијалоци, како и од храна. Околу 80% од нашите дневни потреби за вода доаѓаат од пијалоците кои ние ги пиеме, со тоа што останатите 20% доаѓаат од храната. Содржината на вода се менува во зависност од видот на храна која се кунсумира, така што на пр. овошјето и зеленчукот содржат повеќе отколку житариците. Овие вредности се проценуваат со користење на шаблони за рамнотежа на храната за секоја држава објавени од страна на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации. Други насоки за исхраната исто така имаат импликации во врска со пијалоците кои ги консумираме за здрава хидратација - на пр. Светската Здравствена Организација (СЗО) советува дека додадените шеќери не треба да зафаќаат повеќе од 10% од целосниот внес на енергија.

Панелот на ЕУБХ исто така, одреди дози за ралични популации. Препорачаната количина на внесување течности кај постарата популација е иста како и за возрасните. И покрај пониската консумација на енегрија, потребата од вода во оваа група на луѓе е зголемена поради намалениот капацитет на бибрезите. На бремените жени и доилките потребни им се додатни течности за да останат хидратирани. Панелот на ЕУБХ предлага дека бремените жени треба да консумираат иста количина на вода како и жените кои не се бремени, како и зголемен внес пропорционално на зголемениот внес на енегрија, кој треба да изнесува 300 мл/ден. За да надоместат за зголеменото исфрлање на течности, на доилките им се потребни додатни 70мл/ден над препорачаната доза за жените кои не лактираат.

За оние со здрави бубрези, до некаде е потешко да пијат премногу вода, но (особено на топло и суво време и за време на вежбање) опасно е да се пие премалку. Иако прехидрирање е многу поретка појава од дехидрирање, сепак е можно да се испие многу повеќе вода отколку што е потребно што може да доведе до интоксикација со вода, сериозна и потенцијално фатална состојба. Особено се опасни големи количини на де-јонизирана вода.

Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Исхрана