Никола Незлобински: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
 
[[File:Никола_Незлобински.jpg|thumb|right|Николај Иванович Незлобински]]
Николај Антонович Незлобински е роден на 12 Мај 1885 година во градот [[Пјатогорск]], јужна [[Русија]]. Единствени сознанија кои ги имаме за неговото семејство се однесуваат на неговиот татко, Антон, којшто бил шумарски инжинер и кој, по сеќавањата на Незлобински, кај него ја развил љубовта кон природата и животните која подоцна ќе прерасне во една пасионираност која несомнено, ќе биде пресудна при оформувањето на [[Народен музеј „Д-р Никола Незлобински“.(Струга)]]
 
Во 1907 година, како воен стипендист, станал студент на Военомедицинската академија во руската престолнина [[Санкт Петербург]]. Бил вреден и трудољубив студент, за што сведочи и добиеното признание "Златен медал" за истражувања и семенарска работа "Значењето на плочестите глисти". Исражувачката работа ја продолжува и подоцна, во текот на професиналната работа во [[Струга]] и на тоа поле остварува забележителни резултати.
Ред 28:
==Основање на Музејот во Струга==
 
Роден и израснт во крај со големи природни убавини, д-р Никола Незлобиски бил воодушевен од просторите оклуокoлу [[Струга]], околните планини, сливовите на реките [[Црн Дрим]] и [[Радика]] со живописните клисури и планинските масиви кои го фасцинирале овој голем љубител на прородата, Охридското Езеро кое му станало секојдневие и со својата флора и фауна му давало вдахновеност и импресија.
Иако приоритет на неговата работа во [[Струга]] било сузбивање на маларијата, нејзините причинители и пренесувачи, за чија посветеност и студиозност говори и значајната студија за лентоидните паразоти која по препораките и позитивните рецензии била објавена во угледниот годишник Глас српске краљевске академије.
Своите истражувања ги спроведувал околу градот инеговата поблиска околина, тогаш мочуриште познато и како Струшко Блато, каде што имал можност да го согледа богатството и разновидноста на живиот свет настанат во него. Тоа ја разбудила неговата страст и пасионираност од младоста кон природата и животните и за кусо време создал мошне убава сопствена збирка од препарирани животни.
 
Уште во 1926 година, во една од бараките во која живеел, д-р Никола Незлобински приредил изложба каде ги презентирал препарираните експонати. После тој настан збирката на д-р Никола Незлобински многу бргу се збогатувала со нови примероци.
 
Така во краток времески период, бројно се зголемила и во 1928 година д-р Никола Незлобински, во една од бараките на болницата, збирката ја поставил како постојана музејска поставка и со тоа го втемелил [[Природонаучниот Музеј во (Струга)]] и музејската дејност во [[Македонија]].
Изглед на поставката на експонати од природонаучната изложба, снимено 1928 год.
 
Ред 40:
д-р Никола Незлобински со соработниците на терен Елмаз Амза, Геки Дудуш, Суљо Таксим и Миле Шуле
 
Уште во 1937 година, со уверение на кралските власти на Тогашна [[Југославија]], на Музејот во Струга му се признал статусот на научна институција, односно тој станал Природонаучен Музеј. За време на војната окупаторот целосно ја презел, ја адаптирал ија користел за свои потреби. Д-р Никола Незлобински заедно со Стружаните не дозволиле да пропаднат музејските експонати кои веќе претходно биле спакувани во сандаци и сокриени во околните куќи.
 
Во воената 1942 година, на 17 мај, д-р Никола Антонович Незлобински ненадејно починал, најверојатно како последица на срцев удар. Граѓаните на Струга, со длабока тага, му организирале достоен погреб и се простиле од него. Неговата сопруга, Софија, го надживеала мажа си цели 15 години и по војната работела како наставник по руски и француски јазик и музика. Гробот на почесниот граѓанин на Струга, д-р Никола Антонович Незлобински и денес се наоѓа во алејата на заслужните граѓани на градските гробишта во Струга.
 
Во знак на благодарност кон човекот што го создал, организирал и промовирал, Музејот во Струга, Музејот во Струга го добива неговото име и се нарекува Народен музеј "д-р Никола Незлобински". Со текот на времето Музејот се развива и денес располага со три објекти во кои се сместени и работат следните одделенија: природонаучно (зоолошко и ботаничко), историско, археолошко, етнолошко и одделение за ликовна уметност со галеријата на [[Вангел Коџоман]]. [http://www.museumstruga.mk/ Природнонаучен музеј Никола Незлобински Струга]