Исхрана: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 71:
=== '''Минерали''' ===

Освен четирите елементи: јаглерод, водород, азот и кислород, кои се присутни во речиси сите органски молекули, хемиски елементи кои им се потребни на живите организми во исхраната се минералите. Поимот "минерал" е архаичен бидејќи намерата е едноставно да се опишат помалку честите елементи во исхраната. Некои се потешки од претходно споменатите четири, вклучувајќи некои метали, кои во телото често се јавуваат во форма на јони. Некои диететичари препорачуваат да се обезбедуваат од храна во која постојат природно или барем како сложени соединенија, или пак некогаш дури и од природни неоргански извори ( како на пр. калциум карбонат од земјини остриги). Некои минерали од такви извори многу полесно се апсорбираат во јонски форми. Од друга страна минералите во исхраната честопати се додаваат по вештачки пат како додатоци; најпознатиот е јодот во јодизираната цол кој што спречува гушавост.

=== '''Макроминерали''' ===

Многу минерали се потребни во прилично голема количина; тие обично се нарекуваат "масивни минерали". Некои од нив се структурални, но многу од нив играат улога на електролити. Елементи со препорачана доза во храната (ПДХ) со повеќе од 200 милиграми/ден, наредени по азбучен редослед (со неформални или народно-медицински перспективи во загради) се:

* Калциум-чест електролит, но исто така структурално потребен (за мускулите и здравјето на дигестивниот систем, цврстина на коските, некои форми неутрализираат киселост, може да помогнат во чистење на отрови, обезбедуваат сигнализирачки јони за функциите на нервите и мембраните)
* Хлор-или хлоридни јони, многу чест електролит; види натриум подолу
* Магнезиум-потребен за преработка на АТП и поврзани реакции (ги гради коските, предизвикува силна пересталтика, ја зголемува флексибилноста, ја зголемува алкалноста)
* Фосфор-потребна компонента на коските, особено за преработка на енергија
* Калиум-многу чест електролит (за здравјето на срцето и нервите)
* Натриум-многу чест електорлит, обично не се наоѓа во додатоците на исхраната и покрај тоа што е потребен во големи количини бидејќи јоните се многу чести во храната: обично како натриум хлорид или обична сол. Прекумерната консумација на натриум може да ги намали калциумот и магнезиумот што доведува до висок крвен притисок и остеопороза
* Сулфур-за три неопходни амино киселини и според тоа многу протеини (кожа, коса, нокти, црн дроб и панкреас). Сулфурот не се консумира самостојно, туку во форма на амино киселини кои што содржат сулфур.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Исхрана