Исхрана: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 54:
Една молекула на мастите од исхраната се состои од неколку масни киселини (кои се состојат од долги синџири од јаглеродни и водородни атоми) поврзани со глицерол. Тие особено се наоѓаат кај триглицеридите (три масни киселини кои се прикачени за стожерот на еден глицерол). Мастите може да се класифицираат како заситени и незаситени масти во зависност од детализираната структура на вклучените масни киселини. Јаглеродните атоми во синџирите од масни киселини на заситените масти се поврзани со водородни атоми, додека некои јаглеродни атоми на незаситените масти се двојно поврзани, така што нивните молекули содржат релативно помал број на водородни атоми отколку заситена масна киселина од иста должина. Незаситените масти понатаму можат да се класифицираат како мононезаситени (една двојна врска) или полинезаситени (многу двојни врски). Исто така, во зависност од местото на двојната врска во синџирот на масни киселини, незаситените масти се класифицираат како омега-3 или омега-6 масни киселини. Транс мастите се вид на незаситени масти со транс-изомерни врски; овие се ретки во природата и во храната од природни извори; обично се создаваат во индустриски процес наречен (делумна) хидрогенизација.

Заситените масти (обично од животински извори) со милениуми се основен производ на многу светски култури. Незаситените масти (на пр. растителното масло) се сметаат за поздрави, додека транс мастите треба да се избегнуваат. Заситените и некои транс масти обично се цврсти на собна температура (како путерот или свинската маст), додека незаситените масти обично се течности (како на пр. маслиновото масло или масло од ленено семе). Транс мастите се многу ретки во природата и се покажало дека можат да бидат многу штетни по ловековото здравје, но исто така содржат состојки кои се корисни во индустријата за преработка на храна, како на пр. отпорност кон расипување.

=== '''Неопходни масни киселини''' ===

Повеќето масни киселини не се неопходни, што значи дека телото може да ги произведува кога му се потребни, воглавно од други масни киселини, но секогаш со проширување на енергија. Сепак, кај луѓето најмалку две масни киселини се од суштинско значење и мора да бидат вклучени во исхраната. Соодветната рамнотежа на неопходни масни киселини - омега-3 и омега-6 киселини - исто така се смета дека е потребна за здравјето, иако крајна пробна демонстрација не е остварена. Двете "омега" долго-ланчани полизаситени масни киселини се супстрати на класата екосаноиди познати како простагландини, кои имаат улоги низ целото тело. Во некои погледи тие се хормони. Омега-3 екосаноидната киселина (ЕСК) која може да се создаде во човековото тело од неопходната омега-3 киселина, алфа-линоленската киселина (АЛК) или да биде внесена преку морска храна, служи како основа за простагландини од серија 3 (на пр. слабо воспалително ПГЕ3). Омега-6 диомо-гама-линоленската киселина (ДГЛК) служи како основа за простагландини од серија 1 (на пр. против-воспалително ПГЕ1) додека арахидонската киселина (АК) служи како основа за простагландини од серија 2 (на пр. про-воспалителни ПГЕ2). ДГЛК, како и АК можат да се создадат во човековото тело од омега-6 линоленската киселина (ЛК), или може да се внесат директно преку храна. Соодветното избалансирано внесување на омега-3 и омега-6 делумно го одредува релативното производство на различни простагландини, што е причината зошто се смета дека рамнотежа меѓу омега-3 и омега-6 е важна за кардиоваскуларното здравје. Во индустријализираните општества, луѓето обично консумираат големи количества на преработени растителни масла, кои ја намалиле количината на неопходните масни киселини, заедно со премногу омега-6 масни киселини поврзани со омега-3 масни киселини.

Стапката на конверзија на омега-6 ДГЛК во АК во голема мера влијае на производството на простагландини ПГЕ1 и ПГЕ2. Омега-3 ЕСК го спречува испуштањето на АК од мембраните, со пренасочување на простагландинската рамнотежа од про-воспалителното ПГЕ2 (кое се создава од АК) кон анти-воспалителното ПГЕ1 (кое се создава од ДГЛК). Покрај тоа, конверзијата (десатурацијата) на ДГЛК во АК е контролирана од ензимот делта 5 одзаситувач, што потоа е контролирано од хормоните како што е инсулинот (нагорно контролирање) и глукагонот (надолно контролирање). Количината и видот на консумираните јаглеродни хидрати како и некои видови на амино киселини, можат да имаат влијание врз процесите кои вклучуваат инсулин, глукагон и други хормони; според тоа соодносот помеѓу омега-3 и омега-6 има широк ефект врз општата здравствена состојба, одредени ефекти врз имунолошкиот систем и воспаленија, како и врз митозата (односно делба на клетките).
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Исхрана