Исхрана: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 50:

=== '''Масти''' ===

Една молекула на мастите од исхраната се состои од неколку масни киселини (кои се состојат од долги синџири од јаглеродни и водородни атоми) поврзани со глицерол. Тие особено се наоѓаат кај триглицеридите (три масни киселини кои се прикачени за стожерот на еден глицерол). Мастите може да се класифицираат како заситени и незаситени масти во зависност од детализираната структура на вклучените масни киселини. Јаглеродните атоми во синџирите од масни киселини на заситените масти се поврзани со водородни атоми, додека некои јаглеродни атоми на незаситените масти се двојно поврзани, така што нивните молекули содржат релативно помал број на водородни атоми отколку заситена масна киселина од иста должина. Незаситените масти понатаму можат да се класифицираат како мононезаситени (една двојна врска) или полинезаситени (многу двојни врски). Исто така, во зависност од местото на двојната врска во синџирот на масни киселини, незаситените масти се класифицираат како омега-3 или омега-6 масни киселини. Транс мастите се вид на незаситени масти со транс-изомерни врски; овие се ретки во природата и во храната од природни извори; обично се создаваат во индустриски процес наречен (делумна) хидрогенизација.

Заситените масти (обично од животински извори) со милениуми се основен производ на многу светски култури. Незаситените масти (на пр. растителното масло) се сметаат за поздрави, додека транс мастите треба да се избегнуваат. Заситените и некои транс масти обично се цврсти на собна температура (како путерот или свинската маст), додека незаситените масти обично се течности (како на пр. маслиновото масло или масло од ленено семе). Транс мастите се многу ретки во природата и се покажало дека можат да бидат многу штетни по ловековото здравје, но исто така содржат состојки кои се корисни во индустријата за преработка на храна, како на пр. отпорност кон расипување.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Исхрана