Хај-фај (филм): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: Промена на шаблон: Infobox Film; козметички промени
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Текст од МИФЦ}}
<div class="boilerplate metadata" id="stub">[[Податотека:Film reel.svg|30п]]&nbsp;''Оваа статија поврзана со [[филм]] е [[Википедија:Што е никулец?|никулец]]. Можете да [[Помош:Како да уредам страница|помогнете]] со тоа што ќе ја [{{SERVER}}{{localurl:{{NAMESPACE}}:{{PAGENAME}}|action=edit}} проширите]''.</td></tr></table></div>
{{Инфокутија за филм
| name = Хај-фај
Ред 20 ⟶ 15:
| runtime = 102 минути
| country = {{СФРЈ}}
| language = [[Македонски јазик|македонски]]
| imdb_id = 0187148
}}
 
'''„Хај-фај“''' е македонски филм од [[1987]] година во режија на [[Владимир Блажевски]] а според сценарио на [[Горан Стефановски]].
 
== Содржина ==
{{Разоткривање}}
 
Преку фрагмент од животот на Борис и неговиот син Матеј, филмот зборува за судирот на генерациите, за создадениот јаз поради идеолошката обоеност која едниот ја има, а другиот не ја поседува или, пак, кај него се манифестира на друг начин, и низ поинаквото однесување во умеењето или неумеењето да се помине животот достојно за едно човечко битие... Политичкиот затвореник Борис, по неколкуте години минати во затвор, се враќа дома. Во станот во кој по разводот со жената живее сам, вселен е неговиот син Матеј. Синот е веќе возрасен човек кој се обидува да заработи и да се афирмира како музичар. Во станот е сместено импровизирано тонско студио. Начинот на кој живее Матеј, неговата врска со девојката Мира, луѓето со кои тој контактира не му се допаѓаат на Борис. Тој смета дека е тоа бесмислен живот, без планови и идеали.
 
Ред 34 ⟶ 29:
Она што му преостанува е да воведе суров режим во животот на синот. Ги прекинува сите негови контакти. Го врзува со лисици, а сите потреби и сета комуникација ја презема на себе. Според мислењето на Борис, сè што се случува е лично меѓу нив двајцата. Тој врши и вербална и физичка тортура врз синот, инсистирајќи тој да се согласи дека животот што го водел е залуден. Матеј не се согласува со ставот на таткото, но пасивниот отпор што го покажува го заплашува Борис. Нивните денови минуваат во играње шах и во пречукување на затворскиот дневник што Борис го водел секојдневно и без исклучок во затворот. Најпосле, Борис сепак го ослободува синот. Тие тргнуваат на пат кон родното село на таткото. Минуваат низ напуштени и руинирани села. Такво е и селото на Борис. За првпат Матеј влегува во куќата на своите прадедовци. Ноќ е. Борис талка низ селото, сето во урнатини. Доаѓа и до гробовите на предците. Соочен со пустошот, како да го доживува својот дефинитивен пораз. Се враќа во куќата како човек кој наеднаш го видел сиот свој залуден и со заблуди исполнет живот. Му вели на Матеј дека може да си оди. Матеј не го разбира. Спијат на подот во куќата. Утро е. Матеј, кој рано се разбудил, ја скратил косата и сака да го изненади таткото, покажувајќи му ја белината на неочекувано паднатиот снег. Тогаш, за првпат по многу години, веројатно уште од детството, го нарекува тате. Но, за Борис е предоцна. Неговиот живот завршува таму каде што и започнал. Матеј тешко ја прима вистината за заминувањето на таткото. Времето поминато заедно, и покрај трауматичноста на постапките зад кои се криеше татковата љубов и грижата за синот, не беше залудно. Овојпат, навистина сам, тој беспомошно талка низ селото.
 
== Надворешни врски ==
* {{МИФЦ|59|Хај-фај}}
 
[[Категорија:Филмови од 1987]]
[[Категорија:Македонски филмови]]