Гучи: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
Гучи создал приближно 4,2 милијарди долари приходи низ светот во 2008 година и според списанието Business Week се искачи на 41то место на годишната листа на списанието за 2009 година на „100 те врвни светски брендови“,создадена од Интербренд.Гучи е најпродаваниот италијански бренд. Гучи управува со 278 продавници низ светот (до септември 2009 година) и ги продава своите производи на големо преку франшизи и богатите стоковни куќи.
 
== '''Историја''' ==
 
Со скромен почеток кон крајот на 19 век,компанијата Гучи стана една од најуспешните производители на луксузни кожни производи,облека и други модни производи.Како имигрант во Париз,а потоа во Лондон,работејќи во ексклузивни хотели младиот Гучио Гучи (1881-1953) беше импресиониран од луксузниот багаж кој софистицираните гости го носеле со нив.По враќањето во неговото родно место,Фиренца,град кој се разликува по високо квалитетните материјали и вештите занаетчии,тој во 1920 година отвори продавница во која продаваше убави кожни производи со класичен стил.Иако Гучи ги уреди своите работилници за индустриски начин на производство,тој ги задржа традиционалните методи на производство.Првично Гучи вработи квалификувани работници од Фиренца со основни кожни вештини,за внимателно завршување.
Ред 27:
 
 
== '''Корпорација''' ==
 
Осмислениот пресврт на компанијата во доцните осумдесети го направи Гучи светски фаворит и значајна модна марка.Во октомври 1995 година, Гучи излезе јавно и ја имаше својата прва јавна понуда на AMEX и NYSE за 22 долари по акција.Номеври 1997 година исто така се покажа како успешна година за Гучи,кој успеа да ја добие лиценцата за часовници Северин-Монтрес и ја преименува во Гучи часовници.Компанијата од страна на Европската бизнис прес Федерација (European Business Press Federation) беше прогласена за „европска компанија на 1998 година“ за својот економски и финансиски успех,стратешката визија,како и квалитетното управување.Светските канцеларии и седишта на Гучи се во Фиренца,Милано,Париз,Лондон,Хонг Конг,Јапонија и Њујорк.ППР седиштата се во Париз.
 
== '''Нова управа''' ==
 
Во 1989 година,Маурицио успеа да ја убеди Dawn Mello,која стана sвезда во трговијата на мало со оживувањето на њујоршката продавница Bergdort Gudman во седумдесетите,да се приклучи кон ново формираната групација Гучи како извршен потпретседатрел и креативен директор низ светот.На чело на Гучи Америка беше Доменико Де Сол,поранешен адвокат,кој помогна во надгледувањето на Маурицио при преземањето на компанијата од 1987 до 1989 година.Последниот кој се приклучи во креативниот тим,во кој веќе беа вклучени дизајнери како Џефри Бин и Келвин Клај,беше младиот дизајнер Том Форд.
Ред 45:
Фрида Џанини,поранешен креативен директор на додатоци е именувана за единствен креативен директор во 2006 година.Патрицио ди Марко го замени Марки Ли како извршен директор на Гучи.
 
== '''Детска линија''' ==
 
Претседателот и главен извршен директор на Гучи,Патрицио ди Марко е подготвен да ја лансира детската линија во јуни 2001 година.Линијата првично ќе биде лансирана во Италија и во 40 продавници низ целиот свет.Фрида Џанини е креативен директор на линијата.Таа беше поздравена за нејзиното ново,женствено надградување на современата мода.Родена е во Рим во 1972 година од татко архитект и мајка професор по историја на уметноста,студира моден дизајн на Модната Академија во Рим.По завршувањето на своето образование се вработила како помошник во една мала модна куќа.Во 1997 година,Џанини ја започнала својата кариера во модната куќа Фенди,каде што по само три сезони дизајнирање на облека,таа беше унапредена во дизајнер на кожни производи.Во 2002 година,таа премина во Гучи како директор на чанти,а во 2004 година била унапредена во дизајнер на сите модни додатоци.Една година подоцна,во 2005 година,дизајнерката беше унапредена во креативен директор за женската линија,заедно со нејзината улога како дизајнер на модните додатоци.Во 2006 година, Џанини беше назначена за креативен директор на модната куќа,кога стана одговорна и за дизајнот на машката облека.Во прилог на дизајнирањето на облека,таа исто така има развиено малопродажни концепти за продавниците на Гучи,како и креативна контрола врз рекламирањето.
== '''Автомобилска култура''' == ==
 
== '''Автомобилска култура'''
==
 
=== '''Американската корпорација Моторс''' ===
Ред 57:
 
=== '''Џенерал Моторс''' ===
 
Во 1979 и 1980 година,ќерка- компанија со седиште во Мајами го понуди Кадилак Севиља од Гучи.На надворешноста на автомобилот,на хаубата има украс во кој е вклучено „двојното Г- лого“, што всушност се иницијалите на Гучио Гучи.Во внатрешноста имаше sвезда на логото како и потпирачите за глава беа украсени со логото.Контролната табла го носеше „Gucci script“ логото со здебелени букви.Во внатрешноста на багажникот имаше цел сет на патни торби од Гучи.
 
=== '''Компанијата Форд МоторМоторс''' ===
 
Во 1989 година беше предвидено да се понуди Гучи серијата на Линколн градски автомобили на ценети водичи ,но до реализација на тоа никогаш не дојде.Линколн исто така им понуди и на дизајнерите Емилио Пучи,Бил Блас,Џани Версаче,Хуберт де Живанши и Валентино да направат свои изданија во текот на седумдесетите и осумдесетите години.
== '''Партнерства''' ==
 
Гучи има партнерство со УНИЦЕФ од 2005 година.Продавниците на Гучи низ целиот свет донираат процент од продажбата на специјалните колекции кои се направени специјално за УНИЦЕФ и кои одат во Фондот за деца на Обединетите нации.Годишната кампања на Гучи за УНИЦЕФ ги подржува образованието,здравствената заштита,програмите за запштита и чиста вода за деца без родители и деца погодени од ХИВ/ СИДА во субсахарска Африка.За кампањата во 2009 година,Мајкл Робертс ја промовираше детската книга „Снешко во Африка“ од која добивката оди во УНИЦЕФ.Во последните 5 години,Гучи донираше над 7 милиони долари на УНИЦЕФ.Гучи е најголемиот корпоративен центар на УНИЦЕФ,на „Училиштата за Африка“ која е основана во 2004 годна од страна на УНИЦЕФ,на Фондацијата на Нелсон Мандела и Хамбург општество.Неговата цел е да се зголеми пристапот до основното образование за сите,со посебен акцент на децата без родители заболени од ХИВ/СИДА и децата кои живеат во крајна сиромаштија.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Гучи