Исхрана: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 32:
Овие класи на хранливи материи можат да се категоризираат како макронутриенти (потребни во релативно големи количини) или микронутриенти (потребни во мали количини). Макронутриентите вклучуваат јаглеродни хидрати (вклучувајќи растителни влакна), масти, протеини и вода. Микронутриенти се минералите и витамините.

Макронутриентите (не вклучувајќи ги растителните влакна и водата) обезбедуваат структурални материи (амино киселини од кои се изградени протеините, и липиди од кои се изградени мембраните на клетките и некои сигнализирачки молекули) и енергија. Некои од структуралните материи можат да се користат за генерирање на внатрешна енергија, но во кој било случај се мерат во џули или килокалории (често наречени "калории" и напишани со голема буква '''К''' за да се разликуваат од малата '''к''' за калории). Јаглеродните хидрати и протеините обезбедуваат приближно 17 џули (4 калории) енергија на грам, додека мастите обезбедуваат 37 џули (9 калории) на грам, иако мрежната енергија од двете зависи од други фактори како што се апсорпцијата и дигестивниот труд, кои значително се разликуваат од случај во случај. Витамините, минералите влакната и водата не обезбедуваат енергија, но се потребни поради други причини. Трета класа на хранливи материи, растителното влакно (односно несварлива материја како што е целулозата) исто така е потребна, како од механички така и од биохемиски причини, иако точните причини с'е уште остануваат нејасни.

Молекулите на јаглеродните хидрати и мастите се состојат од јаглеродни, водородни и кислородни атоми. Јаглеродните хидрати варираат од едноставни моносахариди (гликоза, фруктоза, галактоза) до сложени полисахариди (скроб). Мастите се триглицериди, направени од избрани масни киселински мономери врзани за 'рбетот на глицеролот. Некои масни киселини, но не сите, се важни во исхраната: тие не можат да се синтетизираат во телото. Протеинските молекули содржат азотни атоми како додаток на јаглеродните, кислородните и водородните. Основните компоненти на протеините се амино киселините кои содржат азот, од кои некои се клучни бидејќи луѓето не можат да ги создадат внатрешно. Некои од амино киселините (со проширување на енергија) се претвораат во гликоза и можат да се искористат за создавање на енергија исто како обичната гликоза во процесто познат како глуконеогенеза. Со разградување на постоечки протеини, дел од гликозата може да се произведе внатрешно; останатите амино киселини се отфрлаат, првенствено како уреа во урината. Ова обично се случува само во случај на подолго гладување.

Други макронутриенти вклучуваат антиоксиданси и фитохемикалии, кои влијаат на (или заштитуваат) некои телесни системи. Нивната потребност не е одредена како што е на пример кога станува збор за витамините.

Повеќето видови на храна содржат мешавиина од некои или од сите класи на хранливи материи заедно со други супстанции, како што се токсини од најразличен вид. Некои хранливи материи може да се складираат внатрешно (на пр. витамини растворливи во масти), додека другите се потребни повеќе или помалку цело време. Лошата здравствена состојба може да биде предизвикана како резултат на недостаток на потребни хранливи материи или во екстремни случаи, вишок од потребните хранливи материи. На пр. солта и водата (и двете апсолутно потребни) можат да предизвикаат болест, па дури и смрт кога се земаат во преголеми количини.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Исхрана