Исхрана: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 23:
Човечкото тело се состои од елементи и соединенија кои се внесуваат, преработуваат, апсорбираат и циркулираат ни крвототкот за да ги хранат клетките на телото. Со исклучок кај неродениот фетус, дигестивниот систем е првиот вклучен систем. Во луменот на дигестивниот тракт на една возрасна личност влегуваат околу седум литри дигестивни сокови. Овие дигестивни сокови раградуваат хемиски врски во внесените молекули и ги моделираат нивните структури и енергетски состојби. Сепак, некои молекули се апсорбираат во крвототкот како непроменети, а дигестивните процеси ги испуштаат од матрицата на храната. Неапсорбираните материи како и некои отпадни производи на метаболизмот се исфрлаат од телото преку изметот.<br />
<br />
Поручувањата за исхраната мора да ја земаат во предвид состојбата на телото пред и по експериментите, како и хемискиот состав на целата храна и составот на сите материи излачени и исфрлени од телото (во урина и измет). Споредувањето на храната со отпадот може да помогне да се одредат точните апсорбирани и метаболизирани соединенија и елементи во телото. Ефектите од хранливите материи можат да се забележат само во одреден временски период во кој сета храна и отпад мора да бидат анализирани. Бројот на променливи кој е вклучен во такви експерименти е висок, што ги прави проучувањата за исхрана време-консумирачки и скапи, што пак од своја страна објаснува зошто науката за човековата исхрана с'е уште се развива полека.<br />
<br />
Општо гледано, јадењето широка разновидност од свежа, цела (непреработена) храна се покажало корисно за здравјето во споредба со монотона исхрана која се базира на преработена храна. Особено, консумирањето на целосно-растителна храна ја забавува дигестијата и овозможува продобра апсорпција и покорисна рамнотежа на важни хранливи состојки на калорија, што резултира со подобро управување со растот на клетките, одржување и митоза (делба на клетките), како и подобро регулирање на апетитот и шеќерот во крвта. Редовните оброци (на неколку часа) се покажале како поцелосни отколку нередовните или случајните, иако едно неодамнешно проучување ги поврза честите оброци со повисок ризик од рак на дебело црево кај мазжите.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Исхрана