Лабрадор ретривер: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 26:
'''Опис'''
'''Изглед'''
Лабрадорите се прилично голема раса на кучиња кај која мажјаците достигнуваат тежина од 29 до 41 кг. , додека женките се со тежина од 25 до 32 кг. Според стандардите на Американскиот Кенел клуб за расни кучиња Лабрадорите со тежина од повеќе од 45 кг. се сметаат за кучиња со прекумерна тежина иако некои Лабрадори тежат и повеќе од тоа. Поголемиот дел од карактеристиките на оваа раса, освен бојата на крзното се добиени како резултат на одгледување со цел да се добие куче кое е погодно за работа.
Како и кај другите раси на кучиња, лозите на Лабрадорот се разликуваат во Англија и во Америка, но , во овие држави се одгледуваат и двата типови на Лабрадори. Сепак, во целина луѓето од англиските клубови за расни кучиња се обидуваат да одгледуваат Лабрадори кои имаат среден раст, пократко тело и пошироки муцки и имаат помирен карактер, за разлика од Лабрадорите со потекло од Америка кои имаат поголема висина, полесна конструкција, потесни муцки и подолг нос. Сепак, дури и Лабрадорите со потекло од Америка треба да имаат пропорции во согласност со стандардите на Американскиот клуб за расни кучиња. Според нив Лабрадорите со претерано долг нос , тенка глава, долги нозе и слабо тело не спаѓаат во стандардите. Овие два типа Лабрадори не се кодифицирани и се сметаат за нестандардни. Американскиот клуб за расни кучиња нема направено споредба, но се смета дека овие два типа Лабрадори потекнуваат од различни одгледувачки лози. Постојат и лози на Лабрадори со потекло од Австралија кои често може да се сретнат во Азија.
Оваа раса вообичаено го менува крзното 2 пати во годината или во текот на целата година во областите со умерени климатски услови. Иако Лабрадорите се разликуваат , кај некои од нив доаѓа до значително опаѓање на крзното кога тоа се менува. Крзното кај Лабрадорот е прилично кратко и право, а опашката е широка и силна. Шепите со мрежички се причината поради која Лабрадорите се одлични пливачи. Токму овие мрежички меѓу прстите го спречуваат снегот да влегува меѓу нивните прсти и им го олеснува движењето во снег. Нивното крзно е релативно водоотпорно , што пак им го олеснува пливањето.
Ред 43:
Опашката и крзното кај Лабрадорите се разликуваат според стандардите на друштвата за расни кучиња во Америка и Обединетото Кралство. Американското друштво за расни кучиња додава дека карактеристични белези на кучињата од расата Лабрадор се темпераментот и густата oпашка слична на опашката на видрите.
'''Боја:'''
Регистрирани се 3 бои кај Лабрадорите : црна, жолта и кафена боја (нијанси од средно до темно кафена боја). Некои кучиња од расата Лабрадор може да имаат белези како на пример бели дамки на градите или други делови од телото, но најчесто Лабрадорите имаат само една боја на крзното.
Можно е во едно исто легло да се појават кученца во сите бои карактеристични за Лабрадорот. Боите ги одредуваат три гени. Првиот ген ја одредува густината на пигментациони гранули во крзното. Доколку во крзното постојат пигментациони гранули тогаш : густо распоредените гранули даваат црна боја на крзното, додека поретко распоредените гранули ја даваат кафената боја на крзното. Вториот ген одлучува дали воопшто ќе се произведува пигментот еумеланин. Кучињата кај кои е-алелите се рецесивни , произведуваат само пигмент наречен наречен фаомеланин и истите имаат жолта боја на крзното без разлика на првиот ген. Бројот на претходните гени се зголемува со појавата на генот К, каде всушност престојува црната К алела. Затоа е познато дека црните и кафените Лабрадори ја имаат К алелата. Жолтата боја на крзното на Лабрадорите ја одредува вториот ген, па така 3-от ген односно К генот не игра улога во одредувањето на бојата на крзното. Голем број на варијанти во гените ги контролираат нијансите во бојата на крзното на Лабрадорот која кај жолтите Лабрадори може да варира од светло жолта па се до портокалово-црвенкаста. Бојата на носот кај црните и кафените Лабрадори се совпаѓа со бојата на нивното крзно.
Според едно истражување во 2011 година, 13 од вкупно 245 проучувани Лабрадори биле хетерозиготни на мутацијата М264V, која е причина за меланинска маска. Кај оваа раса таа особина не е видлива.
'''Пигментација на крзното и носот'''
Бидејки бојата на крзното кај Лабрадорот ја контролираат гените, можно е рецесивни гени да се појават кај некоја од следните генерации, па затоа и можна е појавата на неочекувани бои на различни делови од телото. Ефектите од пигментацијата се најзастапени кај Лабрадорите со жолта боја на крзното, како и кај оние со кафена боја, па затоа најголемиот број на дамки од пигментација е забележлив токму кај Лабрадорите со жолта боја. Најчестите места каде доаѓа до пигментација се носот, усните, непцата, стапалата, опашката и површината околу очите која може да биде црна, кафена, жолто-кафена, црвенкаста боја или може да се јави во неколку други бои. Еден Лабрадор може да поседува гени кои можат да дадат различни бои. Така на пример еден црн Лабрадор може да има рецесивни гени за кафена и жолта боја, и Лабрадор со жолта боја може да носи гени кои содржат една од двете останати бои на крзното. ДНК анализата може да открие некои од тие аспекти. Иако пигментациите кои не се толку чести, но сепак се појавуваат кај Лабрадорот се сметаат за недостатоци,а не за причини за дисквалификација, на тие кучиња не им е дозволено учеството на изложби. Јачината на црниот пигмент кај жолтите Лабрадори ја контролира посебен ген кој е независен од бојата на крзното. Жолтите Лабрадори обично имаат црна боја на носот, кој е возможно со текот на годините да стане розова. Ова се должи на намалување на ензимот тирозиназа кој пак индиректно го контролира производството на меланинот (одговорен за темната боја). Тирозиназата е ензим кој е зависен од температурните промени, па затоа може да се појават мали разлики во бојата во зависност од годишното време. Како резултат на тоа, бојата на носот кај повеќето жолти Лабрадори станува розова со стареењето на кучето.
Можна е и појава на пигментација позната под името ,,Dudley,,. За кучињата со ваква пигментација карактеристично е тоа што иако имаат жолта боја на крзното кај нив не се јавува пигментација на носот и наместо да имаат црна или кафена боја околу очите нивната боја е иста како и бојата на крзното. Ако жолт Лабрадор има кафена пигментација или кафен лабрадор има друга нијанса на кафена пигментација, тоа не значи дека тоа куче е ,,Dudley,,. Сепак, според денешните стандарди на Американското друштво за Расни Кучиња тоа ќе биде сметано како ,,Dudley,, доколку има кафена боја околу очите. Стандардите за Лабрадори ја сметаат оваа карактеристика за причина за дисквалификација доколку кучето учествува на изложба. Тука спаѓаат и оние кучиња со розова боја на носот, како и кучињата без пигментација. Сепак, кучињата со вакви карактеристики се навистина ретки.
Вкрстувањето на кучиња со цел да се намали пигментацијата не може да гарантира сигурност. Бидејки бојата ја одредуваат голем број гени, од кои некои се рецесивни, вкрстувањето на Лабрадор со жолта боја со Лабрадор со црна боја не секогаш може да ја промени пигментацијата и со тоа да спречи појава на истите рецесивни гени кај следните генерации. Поради истите причини се избегнува и вкрстувањето на жолти и кафени Лабрадори.
'''Разлики меѓу Лабрадори од англиско и американско потекло''' (кои се одгледуваат за изложби и за работа)'''
Постојат значителни разлики меѓу Лабрадорите кои се одгледуваат за натпревари во Америка и Лабрадорите кои се одгледуваат во Англија за истата цел. Тие разлики настануваат како резултат на специјализираните различни типови на одгледување на Лабрадорите. Кучињата кои се одгледуваат за лов и работа на терен се ценат поради нивните способности за работа, додека кучињата кои се одгледуваат за изложби се ценат за постигнување на стандардите кои се важни за судиите на тие изложби. Иако постојат разлики кај кучињата, во целина Лабрадорите кои се одгледуваат за изложби имаат потешка конструкција, пократко тело и погуста опашка и крзно. Лабрадорите кои се одгледуваат за работа на терен имаат подолги нозе, полесни се од оние кои се одгледуваат за изложби и имаат поеластична градба. Главата кај Лабрадорите кои се одгледуваат за изложби е поширока од главата на оние Лабрадори одгледувани за теренска работа. Тие имаат подобро дефинирани црти на лицето и моќен врат, додека за теренските Лабрадори карактеристична е нешто потесна глава и долга муцка. Теренските лабрадори обично имаат високо ниво на енергија и се потемпераментни за разлика од Лабрадорите кои се одгледуваат за изложби и поради тоа тие повеќе се чуваат како кучиња за работа отколку како домашни миленичиња. Некои одгледувачи, особено оние кои се специјализирани во одгледувањето на кучиња за работа, признаваат дека на изложбите не се признаваат овој тип на кучиња, што доведува до повремени расправи во врска со тоа дали оваа раса треба да се групира со помош на подтипови.
Иако постојат разлики кај кучињата, во целина Лабрадорите кои се одгледуваат за изложби имаат потешка конструкција, пократко тело и погуста опашка и крзно. Лабрадорите кои се одгледуваат за работа на терен имаат подолги нозе, полесни се од оние кои се одгледуваат за изложби и имаат поеластична градба. Главата кај Лабрадорите кои се одгледуваат за изложби е поширока од главата на оние Лабрадори одгледувани за теренска работа. Тие имаат подобро дефинирани црти на лицето и моќен врат, додека за теренските Лабрадори карактеристична е нешто потесна глава и долга муцка. Теренските лабрадори обично имаат високо ниво на енергија и се потемпераментни за разлика од Лабрадорите кои се одгледуваат за изложби и поради тоа тие повеќе се чуваат како кучиња за работа отколку како домашни миленичиња. Некои одгледувачи, особено оние кои се специјализирани во одгледувањето на кучиња за работа, признаваат дека на изложбите не се признаваат овој тип на кучиња, што доведува до повремени расправи во врска со тоа дали оваа раса треба да се групира со помош на подтипови.
Во САД, клубот за Лабрадори и Американското друштво за расни кучиња поставија стандарди за оваа раса со цел да овозможат вклопување на Лабрадорите кои се одгледуваат за работа на терен. На пример стандардите на Американското друштво за расни кучиња дозволуваат висина на кучињата поголема од таа висина која е дозволена по стандардите на Англиското друштво за расни кучиња. Сепак се поретки се кучињата кои се успешни на изложби и на терен истовремено.
'''Темперамент'''
Ред 72 ⟶ 71:
Малите Лабрадори остануваат со својата мајка додека не наполнат 8 недели. Нивниот животниот век обично изнесува 10 до 12 години. Тие се сметаат за здрава раса, бидејки кај нив се забележани релативно мал број посериозни заболувања. Позначајни здравствени проблеми кај Лабрадорите се :
Наследни болести
- Лабрадорите се склони на дисплазија која може да се јави на нивните колкови и лакти, особено кај крупните кучиња. Сепак оваа болест не се јавува толку често како кај другите раси. Пред вкрстувањето препорачливо е да се внимава на состојбата на колковите и се препорачуваат додатоци во исхраната.
- Кај Лабрадорите исто така доаѓа до проблеми со колената. Luxating patelia е чест проблем кој се појавува во колената на Лабрадорот. Притоа коленото излегува од своето лежиште.
- Кај Лабрадорите можна е и појава на проблеми со видот. Возможни болести на очите се напредна атрофија на очите, катаракта, дистрофија на рожницата и дисплазија на мрежницата. Кучињата кои се предвидени за вкрстување треба да ги прегледа ветеринарен офталмолог.
- Наследна миопатија, ретка болест која предизвикува недостаток на мускулни влакна од втор вид. Симптомите вклучуваат: краток од, па затоа изгледа како кучето да потскокнува и во ретки случаи доаѓа до вкочането држење на телото и неправилна положба на вратот.
- Постои и ретка појава на други автоимуни болести и проблеми со слухот кои кај Лабрадорите може да бидат вродени или да се појават во подоцнежните години.
- Лабрадорите често знаат да колабираат, како резултат на напорни телесни активности или возбуденост. Тоа е резултат на синдром кој предизвикува хипертермија, слабост и дезориентираност после напорни телесни активности.
'''Дебелина'''
Лабрадорите многу сакаат да јадат, па затоа се случува без соодветно движење да се здебелат. Кон тоа придонесува и нивната мрзеливост. Дебелината е најсериозниот проблем во исхраната на кучињата. Едно истражување покажува дека дури 25 % од кучињата во САД имаат прекумерна тежина. Затоа Лабрадорите мора почесто да се движат и да се стимулираат на движење. Здрав Лабрадор може да плива со голема брзина цели 2 часа, треба да има тенка половина, да биде лесен и да има кондиција. Дебелината кај Лабрадорите може да предизвика дисплазија на колковите и други заболувања како на пример дијабетис. Остеопорозата е честа кај старите Лабрадори со зголемена тежина. Едно 14 годишно истражување во кое биле опфатени 48 кучиња , а кое е изведено од производителот на храна Пурина покажало дека кучињата кај кои се внимавало на исхраната и на телесната тежина живеат и до 2 години подолго од оние кучиња кај кои не се внимавало на исхраната, приота нагласувајки ја важноста кучето да не се прејадува. Лабрадорите треба да се однесат на прошетка два пати дневно барем на половина час.
Ред 83 ⟶ 82:
Во САД оваа раса стана позната по статијата наречена ,,Запознајте се со Лабрадор Ретриверот ,, издадена од Американското друштво за расни кучиња во 1928 година. Пред тоа, ова дрштво регистрирало само 23 Лабрадори во државата. Лабрадорите станале популарни ловечки кучиња во текот на 1920-те години и особено по Втората Светска војна, станувајки препознатливи по своите особини карактеристични за кучињата кои трагаат по пленот и кучињата кои го вадат пленот од водата.
Лабрадорот како раса пристигнал прво во Северна Америка и Западна Европа, а потоа и во другите држави. На пример во Руското друштво на сопственици на Лабрадори се смета дека расата таму пристигнала во доцните 60-ти години и овие кучиња биле домашни миленици на амбасадорите и другите вработени во Министерството за надворешни работи. Распространувањето на оваа раса во поранешната СССР било оневозможено поради големината на државата и релативно малиот број Лабрадори, што довело до тешкотии во нивното размножување. На почетокот на 1980-те години и понатаму се увезувале кучиња од другите држави. Ваквите потешкотии довеле до вкрстување на Лабрадорите со други раси Ретривери. Оваа ситуација е ставена под контрола во 1990-те години со олеснувањето на присуството на изложби во други држави.
'''Демографска распределеностраспространетост'''
Лабрадорите се исклучително популарна раса на кучиња. На пример од 2006 година наваму тие:
-Се сметаат за најпопуларна раса на светот.-
-Се најчестата раса на кучиња во Австралија, Канада, Израел, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и од 1991 година наваму и во САД.
-Во САД и во Обединетото Кралство има двојно повеќе кучиња од расата Лабрадори од втората најпопуларна раса. Доколку се прави споредба според големината на кучињата тогаш ќе се добијат резултати дека има 3-5 пати повеќе Лабрадори отколку Германски Овчари и Златни Ретривери.
-Лабрадорите се најпопуларна раса на кучиња помошници во САД, Австралија и голем број на други држави. Исто така и полицијата и другите официјални органи ги користат Лабрадорите во своите задачи, поради нивните трагачки способности и способности за работа. Околу 60-70 % од сите кучиња-водичи во САД се Лабрадори.
-7Седум од вкупно 13 кучиња кои се номинирани за најдобри ловечки кучиња од страна на Советот на Австралијанското друштво за расни кучиња се Лабрадори.
Не постои глобален регистар на Лабрадори, ниту детален број колку Лабрадори живеат во земјите од светот. 5-те држави во кои популацијата на Лабрадори е најголема во светот се: 1. Обединетото Кралство 2.Франција 3.САД 4.Шведска 5. Финска. Во Шведска и Финска бројот на Лабрадори е далеку помал отколку во останатите 3 држави, но гледано од 2005 година наваму, овие 2 држави ја имаат најголемата пропорција на Лабрадори според бројот на милион жители.
Податоците на OFA покажуваат дека бројот на жолти и црни Лабрадори е речиси еднаков, додека кафените Лабрадори ги има во помал број.
Ред 99 ⟶ 98:
'''Познати Лабрадори'''
Бидејки Лабрадорите се најпозната раса за одгледување и за работа во повеќе држави, од признавањето на оваа раса па до денес постојат повеќе Лабрадори кои се познати.
Изборот на најпознатите Лабрадори по неколку категории ги вклучува :
'''Кучиња за помош'''
- Ендал, куче за помош од Британија. Меѓу другото, Ендал е најодликуваното куче на светот (куче на милениумот, куче кое прво се возело на панорамата ,,London Eye,, , првото куче кое е дресирано да користи кредитна картичка). По смртта на Ендал во 2009 година, екипи од целиот свет направиле повеќе од 350 интервјуа со неговиот сопственик Ален Партон, а снимен е и филм за животот на Ендал.
Занјеер, куче-трагач кое е користено за откривање оружје и муниција во сериските бомбашки напади во Бомбај (Мумбаи). За време на неговата служба кучето помогнало во пронаоѓање на 57 импровизирани бомби, 175 молотови коктели, 11 воени оружја, 242 гранати и 600 детонатори. Негова најголема заслуга е пронаоѓањето на 3,329 кг пласичен експлозив. Тој исто така помогнал во пронаоѓањето на 18 пушки и 5 9-милиметарски пиштоли.
Лаки и Фло, пар црни Лабрадори за откривање на фалсификувани производи, станале познати по тоа што во 2007 година откриле речиси 2 милиони фалсификувани компакт дискови за време на едно 6-месечно преместување во Малезија. После мулти милионското откривање и апсењето на 6 Малезијци тие се првите кучиња на кои им е доделена ,,Наградата за одлична служба,,.
Саби, куче-трагач на специјалните сили на Австралија, кое беше пронајдено во 2009 година во Авганистан откако се сметаше за исчезнато цели 14 месеци.
'''Миленичиња'''
Ред 113 ⟶ 112:
Дигер е мало кученце од расата Лабрадор кој игра во детските емисии Big Barn Farm на BBC.
Rowdy од серијата Scrubs е познат препариран жолт Лабрадор кој се користи во комичните сцени.
'''Лабрадори- маскоти и Лабрадори во рекламите'''
Во 1972 година малиот жолт Лабрадор Андрекс се појавуваше како рекламен симбол за тоалетната хартија Cottonelle.
Традиција на Државниот универзитет во Мичиген е Зик- чудото од куче. Првиот Зик, како и актуелниот Зик се жолти Лабрадори, додека Зик 2 и 3 беа црни Лабрадори.