Крвоток: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 79.126.230.231 (разговор), вратено на последната верзија на EmausBot
Нема опис на уредувањето
Ред 40:
Првобитната градба на циркулаторниот систем е претставена со [[артериски конус]] (''conus arteriosus'') кој се одделува кранијално од едноделната комора и образува стомачна [[аорта]] која оди долж основата на голтката. Аферентните жабрени артерии (во кои тече крв сиромашна со O<sub>2</sub>) се разгрануваат лево и десно на секој жабрен лак за да донесат крв до жабрите на секоја страна од телото. Крвта излегува од жабрите дорзално преку еферентни жабрени артерии (во кои тече крв збогатена со O<sub>2</sub>). Еферентните жабрени артерии се спојуваат со другите артерии од секоја страна на голтката во две кратки грбни аорти кои одат кон опашката (т.е. се насочени каудално). Двете аорти се спојуваат понатаму на каудалниот крај на голтката и образуваат единечна грбна аорта која продолжува каудално за да ги снабди телесните ткива со оксигенирана крв. Содржината на кислород во воздухот изнесува околу 20% што е многу повеќе од заситувањето на растворениот кислород во водата. Водата се заситува при околу 0,001% кислород при идеални услови. На топли температури, можноста на водата да го задржи кислородот се намалува. Распаѓањето (оксидацијата) на органската материја од страна на микробните организми најчесто отстранува само дел или целиот кислород од водата, што доведува до помор на рибите. Рибите кои имаат можност да дишат атмосферски кислород ги има најмногу во станишта каде нивоата на кислород во водата често опаѓаат близу нулата. Резноперковите дводишалки развиле меуресто издолжување на хранопроводот што им овозможило на голтаат воздух и да го задржат за подолг период. Екстракцијата на овој додатен кислород била засилена со натамошна васкуларизација на ,,белиот дроб‘‘ (меурестото издолжување). Снабдувањето со крв започнало да се обавува со најблискиот крвен сад, а тоа бил еферентната жабрена артерија од шестиот аортен лак. Овој сад станал белодробна артерија и го означува почетокот на двојниот крвоток. Крвта се враќа од белиот дроб до преткомората по пат на белодробна вена која донесува крв богата со кислород. Преткомрата кај дводишалките станала делумно поделена за да ја држи одделно оксигенираната крв со потекло од белиот дроб од деоксигениранта крв што се враќа од телото. Шестиот аортен лак кој донесува крв до белиот дроб ја задржал врската со парот на грбни аорти. Оваа врска е позната како ''ductus arteriosus''.
 
=== Водоземи
=== Водоземци ===
 
Водоземците го наследиле начинот на крвоток од дводишалките, но има и некои мали измени. Вториот аортен лак е изгубен кај водната фаза (ларвениот развиток). Кај ларвените [[дождовници]], жабрените лакови 3-5 доставуваат крв до надворешните жабри. Шестиот аортен лак го снабдува белиот дроб кој е во развој. [[Полноглавец|Полноглавците]] од [[жаба]]та имаат внатрешни жабри кои се снабдени од аортните лакови 3-6. Кај возрасните водоземци надворешните жабри се изгубени, но аортните лакови остануваат како системски крвоносни садови. Лаковите 4, 5 и 6 носат крв до телото (и до белите дробови и [[кожа]]та) каудално до срцето, додека третиот лак носи крв во главениот регион. Сегментот од парните грбни аорти меѓу лаковите 3 и 4 е изгубен кај возрасните водоземци, со што ефикасно се одделува крвта што тече кон главениот регион од крвта која тече кон остатокот на телото. Овој сегмент се нарекува каротиден канал. Затворањето на каротидниот канал го зголемува притисокот на крвта што оди во главата. ''Ductus arteriosus'' се задржува кај возрасните дождовници, но се губи кај возрасните жаби. Петтиот аортен лак е исто така изгубен. Затоа жабите имаат целосно одделен белодробен и системски крвоток. Лакот 4 го снабдува системскиот крвоток, лакот 6 функционира како белодробна артерија, додека лакот 3 ги образува каротидните артерии. Кај дождовниците кои немаат бели дробови ([[плетодонти]]), жабрениот лак 6 носи крв до кожата на вратот и грбот, така што сè уште служи како снабдувач за гасна размена на респираторната површина.
 
=== Влечуги ===
 
Кај влечугите се задржани левите и десните аортни лакови со број 3, 4 и 6. Лакот 5 е изгубен. Лакот 3 ги образува левата и десната каротидна артерија кои водат во главата. Лакот 4 ги образува левиот и десниот аортен лак кои носат крв во останатиот системски крвоток. Аортните лакови и понатаму го следат патот на жабрите кои веќе не постојат. Аортните лакови се насочуваат кранијално од срцето (каде биле жабрите), потоа се свиваат каудално и дорзално на левата и десната страна, повторно, како да ги снабдуваат жабрите на левата и десната страна од голтката. Аортните лакови се среќаваат над срвето и се спојуваат, по што даваат единечна грбна аорта која оди каудално. Лакот 6 ја образува единечната белодробна артерија. Сумарно, стомачната аорта која излегува од комората на срцето е поделена на три садови: левиот и десниот системски лакови (лак 4) и белодробното стебло (лак 6). Десниот системски лак е поголем од левиот системски лак. Каротидниот канал кој ги поврзува третиот и четвртиот жабрен лак останува отворен кај влечугите. Жабите се специјализирани водоземци, многу понапредни од сега веќе изумрените [[антракосаур]]ски водоземци кои дале почеток на влечугите.
 
[[Категорија:Циркулаторен систем]]
 
{{Link FA|de}}
 
[[ar:جهاز الدوران]]
[[an:Sistema circulatorio]]
[[ast:Sistema cardiovascular]]
[[bn:সংবহন তন্ত্র]]
[[zh-min-nan:Sûn-khoân hē-thóng]]
[[be:Кровазварот]]
[[be-x-old:Кровазварот]]
[[bs:Krvotok]]
[[bg:Кръвообращение]]
[[ca:Sistema circulatori]]
[[cs:Oběhová soustava]]
[[cy:System gylchredol]]
[[da:Blodkredsløbet]]
[[de:Blutkreislauf]]
[[dv:ލޭދައުރުކުރާ ނިޒާމް]]
[[el:Καρδιαγγειακό σύστημα]]
[[en:Circulatory system]]
[[es:Aparato circulatorio]]
[[eo:Kardiovaskula sistemo]]
[[eu:Zirkulazio-aparatu]]
[[fa:دستگاه گردش خون]]
[[hif:Circulatory system]]
[[fr:Circulation sanguine]]
[[gl:Aparato circulatorio]]
[[gu:રુધિરાભિસરણ તંત્ર]]
[[hak:Sùn-fàn Hì-thúng]]
[[ko:순환계통]]
[[hi:परिसंचरण तंत्र]]
[[hr:Krvožilni sustav]]
[[id:Sistem kardiovaskular]]
[[is:Blóðrásarkerfi]]
[[it:Apparato circolatorio]]
[[he:מחזור הדם]]
[[jv:Sistem kardiovaskular]]
[[kn:ರಕ್ತಪರಿಚಲನೆಯ ವ್ಯವಸ್ಥೆ]]
[[pam:Circulatory system]]
[[ku:Sîstema gera xwînê]]
[[la:Apparatus circulatorius]]
[[lv:Asinsrites orgānu sistēma]]
[[lt:Kraujotakos sistema]]
[[hu:Vérkeringés]]
[[ml:രക്തചംക്രമണവ്യൂഹം]]
[[my:နှလုံး သွေးကြောစနစ်]]
[[nl:Hart en vaatstelsel]]
[[ja:循環器]]
[[no:Sirkulasjonssystem]]
[[nn:Kretsløpssystemet]]
[[oc:Sistèma circulatòri]]
[[pnb:سرکولیٹری پربندھ]]
[[km:ប្រដាប់របត់ឈាម]]
[[nds:Bloodkreisloop]]
[[pl:Układ krwionośny człowieka]]
[[pt:Sistema circulatório]]
[[ro:Aparat cardiovascular]]
[[qu:Sirk'a llika]]
[[ru:Кровообращение]]
[[sah:Хаан эргиирэ]]
[[sq:Sistemi i qarkullimit të gjakut]]
[[simple:Circulatory system]]
[[sk:Obehová sústava]]
[[sl:Obtočila]]
[[so:Habdhiska Wareega Dhiiga]]
[[sr:Крвни систем]]
[[sh:Cirkulatorni sistem]]
[[fi:Verenkierto]]
[[sv:Hjärt-kärlsystemet]]
[[tl:Sistemang sirkulatoryo]]
[[ta:சுற்றோட்டத் தொகுதி]]
[[tt:Кан әйләнеше]]
[[te:ప్రసరణ వ్యవస్థ]]
[[th:ระบบไหลเวียนโลหิต]]
[[tr:Dolaşım sistemi]]
[[uk:Кровообіг]]
[[ur:قلبی وِ عائی نظام]]
[[ug:ئايلىنىش سىستېمىسى]]
[[vi:Hệ tuần hoàn]]
[[war:Sistema sirkulatoryo]]
[[yi:בלוט צירקולאציע]]
[[zh:循环系统]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Крвоток