Народноослободителна борба во Егејска Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 120:
изданија се печателе на македонски јазик, како што биле печатени и
други пишувани текстови од издавачката дејност.
 
Напоредно со овие активности се постави и прашањето за отворање
училишта на мајчин јазик. Подготовките за тоа биле направени
во август 1944 година. Македонскиот буквар и читанка ги составила
посебна комисија, затоа што не можело да се замисли описменување
без буквар и читанка. Букварот бил издаден во 150 примероци и бил
дистрибуиран во Леринско и во Костурско.
 
Се работело и на отворање учителски курсеви, каде што предавале
македонски учители. Слушателите на курсот предавањата ги следеле
на македонски јазик. Кон средината на октомври, слушателите на
курсевите станале учители во училиштата во Костурско и во Леринско
и се вклучиле во училишната работа. Но, поради недостиг на учебници,
се користеле и грчки, кои биле преведувани за потребите на македонските
деца.
 
За афирмација на македонската национална култура и идеја во
Костурско, во февруари 1944 година, биле формирани македонски културно-уметнички друштва и групи во повеќе македонски села. На приредбите
најчесто била изведувана драмата на [[Војдан Чернодримски]]
„[[Македонска крвава свадба]]“. Се појавиле и песни на македонски јазик
(на пример ''„Нетрам“''). Но, со реставрирањето на предвоениот режим
од февруари 1945, престанало да се употребува с¢ што имало македонски
предзнак.
 
== Белешки ==