Народноослободителна борба во Егејска Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 83:
веќе во почетокот на ноември 1944 германските сили ја напуштиле
северна Грција, односно бил ослободен егејскиот дел од Македонија.
 
== Пораз на ЕЛАС ==
 
Оруженото востание и отпорот во Грција, раководени од [[КПГ]],
завршиле со пораз бидејќи левицата не успеала да ја преземе власта, а
во Грција се вратил предвоениот режим. За ваквиот развој на настаните
за време на војната и потоа решавачка улога имале големите сили.
Грција влегла во сферата на влијание на западните сојузници. Поразот
на [[ЕЛАС]] бил неминовен. Претседателот на владата, Папандреу, во
договор со командантот на британските воени сили генералот Скоби,
наредил демобилизација на [[ЕЛАС]]. Но, тоа не се одвивало едноставно,
бидејќи [[ЕЛАС]] одбила да се расформира. Биле ораганизирани протестни
собири за чие смирување било употребено оружје. Интервенирале
британските воени сили, меѓу кои и единиците на [[ЕЛАС]] се воделе
едномесечни борби. Судирот завршил со примирје што го побарала
[[КПГ]]. Така, на крајот од февруари 1945 година, [[ЕЛАС]] била разоружана, меѓутоа сето тоа било само вовед во [[Граѓанска војна во Грција|Граѓанската војна во Грција]].
 
== Белешки ==