Алфред Адлер: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 22:
Адлер бил просечен ученик и многу повеќе сакал да игра отколку да седи во училишната клупа. Бил доста дружељубив, популарен и палав и бил познат по напорите што ги вложувал, постојано да го надминува својот постар брат.
 
Лекарската [[диплома]] ја стекнал на виенскиот универзитет во 1895 година. Во текот на студиите се приклучил кон група студенти-социјалисти кадештокаде што се запознал со неговата идна сопруга Раиса Тимофејевна Епстајн. Таа била интелектуалка и општествена активистка, дојдена од Русија да студира во Виена. Стапиле во брак во 1897 година и имале четири деца од кои две, подоцна, станале психијатри.
 
Својата лекарска пракса Адлер ја започнал како [[офталмолог]], но набрзо се преориентирал кон општата пракса и отворил своја ординација во посиромашниот дел од Виена во кој се наоѓал забавен парк и [[циркус]]. Меѓу пациентите имало и луѓе од циркусот, па некои автори претпоставуваат дека невообичаената силина и слабостите на изведувачите го навеле да ги истражува инфериорноста на некои органи и компензацијата.
Ред 32:
Во текот на Втората светска војна, Адлер служел како лекар во австриската [[војска]], прво, на рускиот фронт, а подоцна во детска [[болница]]. Непосредно имал прилика да ги види ужасите од војната, па неговите размисли особено го насочил кон поимот - социјален интерес. Сметал дека човештвото ќе треба да го промени колосекот ако сака да преживее.
 
По војната бил вклучен во најразлични проекти, вклучувајќи ги клиниките кои биле поврзани со државните училишта и обуки на учителите. Во 1926 година оди во Соединетите Американски Држави за да држи предавања кадештокаде што и добива позиција како визитинг професор на Лонг Ајленд колеџот за [[медицина]]. Во 1934 година целото негово [[семејство]] засекогаш ја напушта Виена. Во 1937 година за време на серија предавања на Абердин универзитетот умира од [[срцев удар]].
 
Негови најпознати дела се: “The Theory and Practice of Individual Psychology” (1918) и “Pattern of Life” (1930).