Карломан I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 50:
 
Карломан умрел на 9 декември 771, во дворецот во Самуси; неговата ненадејна смрт се смета дека е од природна причина (тешки крварења од носот).<ref name=Chamberlin70>Chamberlin, Russell, ''The Emperor Charlemagne'', p.70</ref><ref>Story, Joanna, "Cathwulf, Kingship, and the Royal Abbey of Saint-Denis", ''Speculum'' '''74'''.1 (January 1999:1-21)</ref> Пред неговата смрт, тој и неговиот брат Карло Велики биле на раб да си објават војна еден на друг, што биографот на Карло Велики [[Ејнхард]] го припишува на лошите совети на советниците на Карломан.<ref name=Chamberlin70/> Карломан бил погребан во [[Ремс]], но во 13 век, неговите мошти биле пренесени во [[Базилика Сен-Дени| базиликата Сен-Дени]].
 
Карломан се оженил со убава франска жена, [[Герберга]], која според [[Папа Стефан III |папата Стефан III ]] му ја одбрал татко му Пипин Кусиот, заедно со љубовницата на Карло Велики, [[Химилтруда]].<ref>Dutton, PE, ''Carolingian Civilisation: A Reader'', p.25</ref> Со Герберга имал 2 сина, од кои постариот бил крстен Пипин по татко му, правејќи го со тоа согласно каролиншката традиција, наследник на Карломан и на Пипин Кусиот.<ref>Davis, Raymond (Editor), ''The Lives of the Eighth Century Popes'', 102 n.76</ref> После смртта на Карломан, Герберга очекувала нејзиниот постар син да стане крал а таа да владее со кралството како негов регент; сепак, поранешните поддржувачи на Карломан &ndash; неговиот братучед Адалхард, опатот Фулрад од Сен-Дени и грофот Варен &ndash; се свртеле против неа и го повикале Карло Велики да ја припои територијата на Карломан кон своето кралство, како што било и сторено.<ref>Riché, Pierre, ''The Carolingians'', 86</ref> Герберга тогаш побегнала<ref>Einhard, ''The Life of Charlemagne'', in Dutton, PE, ''Carolingian Civilisation: A Reader'', 29</ref> со своите синови во дворецот на Десидериј, кој барал од новиот [[папа Адријан I]] да ги признае синовите на Карломан за кралеви на Франките.<ref>Riché, Pierre, ''The Carolingians'', 97</ref> Карло Велики го уништил кралството на Ломбардите како одговор на поддршката на Десидериј на децата на Карломан кои биле негова директна закана. Десидериј и неговото семејство биле заробени, ошишани и затворени во франските манастири; судбината на Герберта и на нејзините деца е непозната, иако многу е веројатно и тие да биле заробени во некои манастири на Франките.<ref>Chamberlin, Russell, ''The Emperor Charlemagne'', 75.</ref>
 
И покрај нивниот проблематичен однос и настаните што се случиле по смртта на Карломан, Карло Велики подоцна својот втор легитимен син ќе го крсти 'Карломан' во чест на починатиот брат. Ова веројатно било јавен гест во чест на споменот на чичкото на детото и да се сопрат гласините за тоа како Карло Велики постапил со своите внуци. Во 781, Карло Велики го прекрстил детето во [[Пипин од Италија|Пипин]].<ref name=McKitterick65/>
 
== Наводи ==