Карломан I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова статија
 
дополнување
Ред 31:
|}}
'''Карломан I''' (28 јуни 751 –4 декември 771) бил [[Список на франски кралеви|крал на Франките]] од 768 до неговата смрт во 771. Тој бил вториот преживеан син на [[Пипин Кусиот]] и на [[Бертрада Лаонска]] и помладиот брат на [[Карло Велики]].
 
За Карломан I малку се знае и тој секогаш бил во сенка на својот славен татко и брат а оние што пишувале за него го опишувале како човек кој себеси се сожалувал и кој лесноумно потпаѓал на фалби.<ref>Thorpe, Lewis (Translator), ''Two Lives of Charlemagne'', p.5</ref>
 
== Поделбата на франското кралство ==
На 3 годишна возраст, тој, заедно со татко му, [[Пипин Кусиот]], и со постариот брат, [[Карло Велики]], бил прогласен за крал на Франките и му била доделена титулата "Патрициј на Римјаните" од страна на [[Папа Стефан II| папата Стефан II ]], кој дошол од Рим за да го моли франскиот крал за помош против [[Ломбарди]]те.<ref>Chamberlin, Russell, ''The Emperor Charlemagne'', p.44</ref> Заедно со Карло Велики, после смртта на Пипин, наследил половина од кралството на Франките. Неговиот дел бил центарот на кралството, со престолнина во Соасон и ги опфаќало парискиот басен, Централниот масив, Лангдок, Прованса, Бургундија, јужна Австразија, Алзас и Алеманија. Териториите на Карломан биле полесни во однос на одбраната, но посиромашни во однос на приходите.<ref name="Riché85">Riché, Pierre, ''The Carolingians'', p.85</ref>
 
Општо сите се согласни дека Карломан и Карло Велики не се сакале еден со друг, иако точната причина за тоа останува непозната: некои историчари сугерираат дека секој од браќата се сметал себеси за единствен наследник на нивниот татко &ndash; Карло Велики бидејќи бил постариот брат, односно негово првородено дете, а Карломан бидејќи бил легитимниот син на Пипин<ref name=Chamberlin62>Chamberlin, Russell, ''The Emperor Charlemagne'', p.62</ref> (За Карло Велики понекогаш се тврди дека се родил како негов нелегитимен син во 742, но ваквото тврдење не е секојпат прифатено).<ref name="Riché85"/>
{{каролинзи}}
 
== Натпреварување со Карло Велики ==
 
 
== Наводи ==