Нефертити: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 32:
*Нефернеферуре: 9 годишна (1341 п.н.е.).
*Сетепенре: 11 годишна (1339 п.н.е.).
 
----
 
----
Во четвртата година од неговото владеење (1346 п.н.е) Аменхотеп IV го започна своето обожување на Атен. Кралот, всушност, започна религиозна револуција во која Нефертити играше значајна улога. Се смета дека оваа година го означува почетокот на изградбата од неговиот нов главен град, Акетатен, кој денес е познат како Амарна. Во петтата година, Аменхотеп IV официјално го промени своето име во Акенатен како потврда за новото обожување. Овој настан се проценува дека се случил околу 2 јануари од истата година. Во 7-та година од своето владеење (1343 п.н.е.) главниот град официјално се преместил од Теба во Амарна, иако изградбата на градот изгледа дека се одвивала наредните две години (се до 1341 п.н.е). Новиот град беше посветен на новата религија од кралската двојка. Фамозната биста на Нефертити се смета дека е изработена токму во овој период. Во натпис кој е датиран на 21 ноември од 12-тата година на владеењето (1338 п.н.е), нејзината ќерка Мекетатен се споменува за последен пат; се претпоставува дека таа умрела во тој период. Еден доказ што покажува дека таа умрела пред нејзиниот сопруг, вклучува неколку фрагменти за погребот на Кралицата, кои денес се наоѓаат во музеите Лувр и Бруклин
За време на владеењето од Акенатен (и веројатно потоа) Нефертити уживала невидена моќ. Постои доказ дека таа била издигната до статус на со-владетел; со подеднаков статус како оној на фараонот. Честопати таа била насликана на храмските ѕидови со иста големина како кралот, со што се укажува на нејзината величина и како го обожува Атен сама. Веројатно најимпресивен е приказот на храмот во Амарна (кој сега се наоѓа во Бостонскиот музеј) каде Нефертити пред богот Атен удира странски непријател со жезло. Ваквите прикази и слики традиционално биле резервирани само за фараонот, па сепак Нефертити е прикажана баш како фараонка.
 
[[ar:نفرتيتي]]