Бугарија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 80:
== Историја ==
 
=== Древна и Средновековна Бугарија ===
Првите информации за човечко присуство на територијата на денешна Бугарија датираат од 44 000 година пред Христа. Околу 6000 година п.н.е. се развиваат првите автохтонни култури. Од овој период датираат и Старозагорските неолитски куќи, кои се најстарите задржани куќи во светот. До 1500 година п.н.е. се развиваат неколку култури, меѓу кои Варна и Езеро.
 
Првата цивилизација оставила трајни траги во бугарската историја, е [[Тракијци|тракиската]]. Потеклото на Тракијците е неразјаснето, поради недостатокот им на писменост, но се познати нивните вештини во металугријата, военото дело и земјоделството. Тие живеат поделени на племиња до 500 година п.н.е., Кога царот Терес ги обединува во Одриското царство. Во 4 век тоа е потчинето од [[Александар Македонски]], но се ослободува по неговата смрт. Во 279 п.н.е. по [[Келти|келтската]] инвазија на [[Тракија]] се создава келтско-тракиското царство [[Тиле]]. Во 46 година понатаму нашата ера целиот регион потпаѓа под власта на [[Римската Империја]]. По нејзиниот распад во 5 век во регионот постојано се сместуваат различни народи со слаба општествена организација, меѓу кои и Словените. Последните асимилираат остатоците од тракиските племиња и спаѓаат под влијанието на Византија. Околу 670 на Балканот пристигнуваат и прабугарите, водени од хан [[Аспарух]]. Тие бараат контрола врз локалните словенско-тракиски народи и создаваат бугарското царство, кое е признаено од Византија во 681 година.
 
[[Податотека:The Great Basilica Klearchos 2.jpg|лево|мини|200п|[[Плиска]] - главен град на Првата бугарска држава од [[681]] до [[893]].]]
Бугарско царство е термин кој се користи за опишување на два периода од средновековната историја на Бугарија, во текот на кои таа била клучна регионална сила општо во [[Европа]] а посебно во [[Југоисточна Европа]], којашто често се борела прoтив [[Византиско царство|Византија]]. Двете Бугарски царства не се сметаат како различни ентитети, туку како една држава која се обновила после периодот на Византиското владеење на нејзината територија <ref>R. J. Crampton - „A short history of modern Bulgaria“, Cambridge University Press, 1987, ISBN 978-0-521-27323-7, стр. 6</ref>.
Ред 88 ⟶ 92:
Средновековна Бугарија претставува обновување на [[Второ Бугарско царство|Второто Бугарско царство]] после успешното Бугарско востание на двајца велмошти од [[Велико Трново|Трново]], [[Иван Асен I од Бугарија|Асен]] и [[Теодор Петар од Бугарија|Петар]], во [[1185]] година. Во првата половина на тринаесетиот век поголемиот дел од територијата бил повратен. По втората златна ера под [[Иван Асен II од Бугарија|Иван Асен II]], Бугарија ослабена од војни со Маѓарите, Монголите и Византијците. Средновековна Бугарија опстојувала се до инвазијата на [[Отоманска Империја|Турците]] на Балканот при крајот на четиринаесетиот век. Последната Бугарска територија која подпаднала под Отоманска доминација бил Созопол, се до [[1453]] година.
 
=== Современа Бугарија след 1878 ===
[[File:Boj u Ivanovo-Chiflik.jpg|thumb|right|''Бој при Иваново-чифлик'' (1877), ум. Павел Ковалевски]]
Почетоците на современата бугарска држава се тесно поврзани со [[Бугарска Егзархија|Бугарската Егзархија]], [[Априлско востание|Априлското востание]] од [[1876]], [[Цариградската дипломатска конференција]] од истата година и [[Руско-Турска војна|Руско-Турската војна]] од [[1877]] - [[1878]] година. Војната ја започнала [[Русија]] со оправдување за ''„ослободување на христијаните на Балканот од турското ропство“'' по Априлското востание, кое било крваво задушено со масакрот на 30.000 Бугари.<ref>{{Cite web|url=http://lcweb2.loc.gov/cgi-bin/query/r?frd/cstdy:@field(DOCID+bg0032)|title=The Final Move to Independence|accessdate=24 December 2011}}</ref> Големите сили веќе не верувале дека е можно без реформи да се зачуват мирот и добрите односи меѓу Турци и Бугари, али обидот тие да се помират со посебна конференција претрпел неуспех, бидејки планот да се креират два автономни реона со границите на Бугарската Егзархија бил отфрлен од [[Османска Империја|Османската Империја]]. По многуте жестоки битки и бројни жртви во луѓе и материјални средства, руската армија успева да ја истисне турската војска од поголемиот дел од нејзините територии на [[Балкан|Балканскиот Полуостров]], а во опасност била и престолнината [[Истанбул]]. Немајќи друг излез, [[Османска Империја|Османска Турција]] ги прифатила најтешките можни услови за постигнување на мировен договор. Русијa не јa завладеaла целата територијa на Турцијa, зашто [[Велика Британијa|британската]] флота била пратена во [[Босфор]]от. Турцијa се согласила да ги отстапи [[Мизија]], северна [[Тракија]] и поголемиот дел од [[Македонија]]. Овие територии требало да се вклучат во идната Бугарска држава, која требело да биде под силно политичко влијание на Русијa. На [[3 март]] [[1878]] во местото [[Сан Стефано]], во близината на Истанбул, бил потпишан познатиот [[Санстефански Договор]], кој ги поставил темелите на идната бугарска држава скоро следејќи ја територијата на Бугарската Егзархија.