Тесто: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: ar, az, bar, bg, ca, ce, cs, cv, da, de, en, eo, es, fa, fi, fr, he, hr, ht, id, io, is, it, ja, kk, ko, lt, nl, no, pl, pt, qu, ru, simple, sk, sl, sv, sw, ta, uk, wa, yi, zh
Дополнување
Ред 1:
[[Податотека:Work dough.jpg|мини|десно|300п|Месење и подготовка на тесто за леб.]]
'''Тесто''' е смеса која се прави од одреден вид [[Жито|житарици]] или [[Пеперугоцветни|легуминозни]] [[Земјоделска култура|култури]] со мешање на [[брашно]] со мала количина на вода и/или друга течност. Овој прцес и претходи на подготовката на разни прехранбени производи, особено разни видови на [[леб]], [[Тестенина|тестенини]], [[Печиво|печива]] и сл.
 
Во зависност од производите кои се приготвуваат и технологијата на приготвување, постојат многу видови теста:
 
* Подигнато (лебно) тесто - леб;
* Лиснато тесто - лиснато печиво;
* Водено (влечено) тесто - [[баклава]], [[гибаница]], [[бурек]];
* Течно тесто - [[палачинки]], [[вафли]];
* Попарено тесто - [[еклер]]и и [[тулумба|тулумби]];
* Ровко (песочно или [[линцер]]) тесто.
 
Во зависност од конзистенцијата, тестото може да се излива во форма (како [[пандишпан]]от и течното тесто за палачинки), да се исшприцува (како тестото за тулумби) или да се меси и обликува (како тестото за леб или [[козињак]]). Во кулинарската практика се користат посебни ножеви за тесто, како и калапи за слатки и солени печива.
 
Тестото се подвргнува на разновидна термичка обработка: обично се пече во [[фурна]] (леб, козињак), некогаш се пржи ([[Мекица|мекици]], тиганици), а во ретки случаи се вари ([[крофни]]).
 
Кај тестата кои содржат шеќер треба да се внимава и да не се наголемува препишаното количество во [[Готварски рецепт|рецептот]], бидејќи при [[печење]]то шеќерот го спречува процесот на издигнување на тестото и добиениот прехранбен производ станува лиснат и ронлив.
 
Најчесто за да не загори тестото на дното на садот, истиот се намрсува и/или посипува со брашно. Кај лепливите теста, за кои треба рачно оформување (на пример, за подготовка на некои видови солени печива), маснотијата и брашното исто така помагаат за полесно одделување на тестото од прстите.
 
{{Храна-никулец}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Тесто