Бугарија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 89:
 
=== Современа Бугарија ===
[[File:Boj u Ivanovo-Chiflik.jpg|thumb|right|''Бој при Иваново-чифлик'' (1877), ум. Павел Ковалевски]]
Почетоците на современата бугарска држава се тесно поврзани со [[Бугарска Егзархија|Бугарската Егзархија]], [[Априлско востание|Априлското востание]] од [[1876]], [[Цариградската дипломатска конференција]] од истата година и [[Руско-Турска војна|Руско-Турската војна]] од [[1877]] - [[1878]] година. Војната ја започнала [[Русија]] со оправдување за ''„ослободување на христијаните на Балканот од турското ропство“'' по Априлското востание, кое било крваво задушено со масакрот на 30.000 Бугари.<ref>{{Cite web|url=http://lcweb2.loc.gov/cgi-bin/query/r?frd/cstdy:@field(DOCID+bg0032)|title=The Final Move to Independence|accessdate=24 December 2011}}</ref> Големите сили веќе не верувале дека е можно без реформи да се зачуват мирот и добрите односи меѓу Турци и Бугари, али обидот тие да се помират со посебна конференција претрпел неуспех, бидејки планот да се креират два автономни реона со границите на Бугарската Егзархија бил отфрлен од [[Османска Империја|Османската Империја]]. По многуте жестоки битки и бројни жртви во луѓе и материјални средства, руската армија успева да ја истисне турската војска од поголемиот дел од нејзините територии на [[Балкан|Балканскиот Полуостров]], а во опасност била и престолнината [[Истанбул]]. Немајќи друг излез, [[Османска Империја|Османска Турција]] ги прифатила најтешките можни услови за постигнување на мировен договор. Русијa не јa завладеaла целата територијa на Турцијa, зашто [[Велика Британијa|британската]] флота била пратена во [[Босфор]]от. Турцијa се согласила да ги отстапи [[Мизија]], северна [[Тракија]] и поголемиот дел од [[Македонија]]. Овие територии требало да се вклучат во идната Бугарска држава, која требело да биде под силно политичко влијание на Русијa. Признавањето на одреден дел от територии на Балканот за бугарски преку опфатот на Бугарската Егзархија, Санстефанскиот договор (иако прелиминарен) и Цариградската дипломатска конференција ќе има долгорочни последици за бугарското [[општество]].
 
[[File:Bulgaria-SanStefano -(1878)-byTodorBozhinov.png|thumb|left|Сан-стефанска Бугарија, 1878]]
На [[3 март]] [[1878]] во местото [[Сан Стефано]], во близината на Истанбул, бил потпишан познатиот [[Санстефански Договор]], кој ги поставил темелите на идната бугарска држава скоро следејќи ја територијата на Бугарската Егзархија. Овој договор не бил прифатен од Големите Сили поради стравот дека ваква голема словенска држава на Балканот би била слуга на руските интереси. Само неколку месеци подоцна, во [[јуни]] [[1878]] година, во [[Берлин]] бил свикан [[Берлински конгрес|Берлинскиот конгрес]] на кој било признато правото на Бугарија да постои како "автономно трибутарно кнежество" меѓу Балканот и Дунав. Во [[Трновски Устав|Трновскиот Устав]] не било запишано дека земјата е под вазалната зависност од [[Отоманска Империја|Отоманската Империја]], но тоа е факт според актите на меѓународното право. Истовремено по дипломатски и политички пат многу бугарски влади морале да ги негираат одредбите од Берлинскиот договор во однос на вазалноста кон [[Истанбул]]. но само во граници меѓу [[Дунав]] и [[Стара Планина]] и [[Софиски санџак|Софискиот санџак]]. Северна [[Тракија]] добила [[автономија]] под името [[Источна Румелија]], со бугарска влада. Македонија била вратена под османлиска власт. Во [[1885]] година Источна Румелија била приклучена кон Бугарија, а истата судбина ја дочекала и [[Пиринска Македонија]] во [[1913]] година.